Download Print deze pagina

Cordis RAILWAY Gebruiksinstructies pagina 63

Toegangssysteem zonder sheath

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 16
PPE Specification
Labeling Specification
Spec for Railway IFU
Доколку се појави зголемен отпор при повлекување на дилататорот, проверете ја причината пред да продолжите,
бидејќи прекумерна сила во тек на повлекување на дилататорот може да предизвика оштетување на производот
или васкуларни компликации.
За време на постапката, обезбедете соодветна антикоагулантна или антиагрегантна терапија за пациентот.
VI.
Компликации
Можните компликации вклучуваат, но не се ограничуваат на:
неочекувано затворање на крвниот сад,
дополнителна интервенција,
алергиска реакција (уред, контрастно средство и лекарства),
ампутација,
аритмија,
артериовенозна фистула,
смрт,
емболија,
треска,
хематом на местото на пункција,
крвавење,
воспаление/инфекција/сепса,
исхемија,
инфаркт на миокардот,
некроза,
повреда на периферен нерв,
болка,
бубрежна инсуфуциенција,
мозочен удар,
минлив исхемичен напад,
тромбоза,
васкуларни компликации (на пр. кинење на внатрешно ткиво, дисекција, псевдоаневризам, перфорација, руптура,
спазам, оклузија).
VII.
Упатство за употреба
Подготовка
1.
Изберете дилататор за крвен сад со соодветна големина. Видете во Табела 1 и на етикетата на производот за информации
за препорачана компатибилност на жицата-водилка и за катетерот-водич.
2.
Отстранете го дилататорот за крвни садови и компонентите од амбалажата со примена на асептична техника.
3.
Разгледајте ја содржината на системот за какви било знаци на оштетување; не користете го доколку постои
некакво оштетување.
4.
Со шприц од 5 до 10 cc и игла за измивање со соодветна големина (препорачливо мерка 27 за дилататор од 0,53 mm
[0,021"] и мерка 21 за дилататор од 0,88 mm [0,035"]) исполнет со стерилен хепаринизиран физиолошки раствор или
сличен изотонски раствор, измијте ги и дисталните и проксималните сегменти на дилататорот со нежно вметнување на
иглата во отворот за жица и мијте во двете насоки, дистална и проксимална.
ВНИМАНИЕ: неизмивање на уредот пред употреба може да доведе до воздушна емболија.
5.
Натопете ги дисталните 25 cm од дилататорот за крвни садови во стерилен хепаринизиран физиолошки раствор
или сличен изотонски раствор за да се активира хидрофилниот слој. Доколку се користи хидрофилна жица за пристап,
натопете ја и жицата за да се активира слојот.
6.
Употребете шприц наполнет со хепаринизиран физиолошки раствор или сличен изотонски раствор за да ја измиете
иглата за пристап (игла Introcan Safety
Препорачана постапка
1.
Подгответе го избраниот катетер-водич со компатибилна големина според соодветното Упатство за употреба.
Наместете го дисталниот врв од катетерот-водич над проксималниот крај на дилататорот за крвни садови. Видете
во Табела 1 за информации за препорачана компатибилност на производот.
2.
Нека навлегува катетерот-водич над проксималниот крај на дилататорот сè додека врвот на катетерот-водич не биде
приближно 5 cm проксимално до отворот за жица на дилататорот за крвни садови.
3.
Користете хируршки скалпел за да направите површински рез на местото на пункција на кожата. Вметнете ја или иглата
Introcan Safety
техника за васкуларен пристап.
4.
Нежно вметнете го мекиот крај на мини жицата-водилка низ иглата или интравенозната канила во радијалната артерија,
ракувајќи внимателно со цел да спречите навлегување во страничните делови или во внатрешниот простор. Доколку се
појави силен отпор при навлегувањето на жицата-водилка, прекинете го движењето и утврдете ја причината за отпорот
пред да продолжите.
5.
Држете ја мини жицата-водилка во место и извлечете ја иглата.
ВНИМАНИЕ: по извлекувањето на Introcan Safety
штипка (каде што е применливо), отстранете ја иглата. Не обидувајте се повторно да ја вметнете иглата во телото
на пациентот или да го замените заштитниот дел.
6.
Наместете го дисталниот врв на дилататорот над мини жицата-водилка со отворот за жица насочен нагоре
и навлегувајте во крвниот сад. Дилататорот на крвни садови може да навлегува додека отворот за жица е во рамките
на приближно 3 cm од местото на пункција. НЕ навлегувајте со отворот за жица на дилататорот во крвниот сад. Држете
го дилататорот близу до врвот за да спречите застранување или свиткување во кожата. Препорачливо е да користите
газа натопена со хепаринизиран физиолошки раствор или сличен изотонски раствор за да се зголеми навлажнувањето
на хидрофилниот слој и да се олесни вметнувањето на дилататорот. Откако ќе навлезе дилататорот, свиткајте го нежно
за да се овозможи проксималниот крај на жицата за пристап да излезе од отворот за жица на дилататорот (Видете на
Слика 5).
7.
Повлечете ја мини жицата-водилка низ отворот за жица на дилататорот на крвни садови (видете на Слика 6). Доколку
се појави отпор при отстранувањето на мини жицата-водилка, а причината за отпорот не може да биде утврдена
и поправена, прекинете ја постапката и извлечете ги дилататорот и мини жицата-водилка заедно. Доколку жицата,
од каква било причина, повторно се внесе, избришете ја со влажна газа и потопете ја во хепаринизиран физиолошки
раствор или сличен изотоничен раствор до понатамошна употреба.
8.
Додека го местите проксималниот крај на дилататорот, навлегувајте со катетерот-водичот-водич низ кожата
и поткожното ткиво во крвниот сад (Видете Слика 7).
Напомена: важно е да ја одржите фиксираната позиција на дилататорот за крвни садови, бидејќи неговото
движење нанапред може да предизвика васкуларни компликации.
а.
Кога користите катетер-водич-водич од 100 cm – навлегувајте со катетерот-водич додека спојникот не стигне
до маркерот А (најпроксималниот маркер). Ова покажува дека врвот на катетерот-водич од 100 cm е близу
до стеснувачкиот преод на дилататорот за крвни садови.
Напомена: Не навлегувајте со катетерот-водич понатаму над дилататорот за крвни садови, доколку маркерот А
е видлив на спојникот од катетерот-водич (Видете Слики 8 и 9). Поместувањето на спојникот на катетерот-
водич над овој маркер може да предизвика врвот на катетерот-водич да навлезе над преодот кон врвот
на дилататорот, зголемувајќи ја можноста за васкуларни компликации.
б.
Кога користите катетер-водич од 90 cm – навлегувајте со катетерот-водич додека спојникот не навлезе
до маркерот Б (најдисталниот маркер). Ова покажува дека врвот на катетерот-водич од 90 cm е близу до
стеснувачкиот преод на дилататорот за крвни садови.
Напомена: НЕ навлегувајте со катетерот-водич понатаму над дилататорот за крвни садови доколку маркерот Б
е видлив на спојникот на катетерот-водич (Видете Слики 8 и 9). Поместувањето на спојникот на катетерот-
водич над овој маркер може да предизвика врвот на катетерот-водич да навлезе над преодот кон врвот
на дилататорот, зголемувајќи ја можноста за васкуларни компликации.
9.
Отстранете го дилататорот за крвни садови со негово извлекување низ катетерот-водич додека ја одржувате позицијата
на катетерот-водич (видете Слика 10). Доколку дилататорот се вметнува повторно, од каква било причина, избришете
го со влажна газа, измијте го и потопете го во хепаринизиран физиолошки раствор или сличен изотоничен раствор пред
употреба.
10. Внесете соодветни лекарства преку спојникот на катетерот-водич за да ја намалите можноста за компликации,
непријатност на пациентот и вазоспазма во текот на катетеризацијата.
11. Достигнат е пристап на катетерот-водич без обвивка во целниот крвен сад. Доколку е потребно, може да се изврши
ангиографија на крвниот сад со инјектирање контраст. Може да биде вметната интервентна 0,88 mm (0,035") J жица или
друга жица од 0,88 mm (0,035"), доколку претпочита лицето кое ракува, во катетерот-водич и навлезена за да овозможи
следење на катетерот-водич над интервентната жица до целното место.
12. Доколку е потребна дополнителна поддршка при навлегувањето на катетерот-водич низ васкулатурата, вметнете ја
жицата-водилка од 0,88 mm (0,035") (доколку не е веќе наместена) и вметнете го компатибилниот дилататор од 0,88
mm (0,035") преку жицата во катетерот-водич сè до соодветниот проксимален маркер како што е наведено во чекорот
број 8 горе. Со флуороскопско следење, вметнувајте го дилататорот и катетерот-водич над жицата-водилка до одреден
дел, но не подалеку од потклучната артерија. Извадете ги дилататорот и жицата, потоа повторно поставете ја жицата во
катетерот-водич и продолжете до целното место.
ВНИМАНИЕ: Дилататорот мора да се следи над жицата-водилка во секое време и дилататорот и катетерот-водич
мора да бидат порамнети како што е наведено во чекорот број 8; неследењето на упатствата може да доведе до
васкуларни компликации.
ВНИМАНИЕ: доколку во текот на навлегувањето или извлекувањето на катетерот се наиде на екстремна искривеност
или силен отпор, прекинете го движењето и утврдете ја причината за отпорот пред да продолжите. Доколку
причината за отпорот не може да се утврди, извлечете го целиот систем.
ВНИМАНИЕ: не навлегувајте со дилататорот подалеку од потклучната артерија. Понатамошното навлегување може
да предизвика васкуларни компликации (видете во делот Компликации).
®
ИВ Катетер* или оголена игла) пред употреба.
®
ИВ Катетер* или оголената игла во крвниот сад на пациентот со примена на прифатена медицинска
®
ИВ Катетер* или оголената игла и активирање на безбедносната
100322810 | Rev:5
Released: 03 Dec 2019
CO: 100539666
Release Level: 4. Production
63

Advertenties

loading