Download Print deze pagina

Echo DCS-310 Gebruikershandleiding pagina 189

Advertenties

ВНИМАНИЕ
Ако погрешно сте ги процениле ефектите од
притисокот и компресијата и сечете од погрешната
страна, дрвото ќе го штипне водичот за ланец и
ланецот, заробувајќи ги. Ако ланецот се заглави
и пилата не може да се отстрани од засекот,
не влечете сосила. Исклучете ја пилата, силно
ставете клин во засекот за да се отвори. Никогаш
не ракувајте со сила со пилата кога е заглавена.
Немојте да правите сосила пилата да влезе
во засекот. Тупиот ланенц е небезбеден и ќе
предизвика прекумерно абење на додатоците за
сечење. Добар начин да се каже кога ланецот
е туп е кога ќе излегува фина прашина наместо
парчиња.
Должината на дрвото што лежи на земја ќе биде
предмет на притисок и компресија, во зависност во
кои точки е главната потпора.
Кога дрвото е потпрано на неговите краеви,
компримираната страна е одозгора, а страната
со притисок е одоздола.
За да пресечете помеѓу овие потпорни точки,
направете го првото сечење надолу на
приближно 1/3 од дијаметарот на дрвото.
Второто сечење треба да се направи нагоре и
треба да се сретне со првото.
Големо оштетување
Кога дрвото е потпрано само на едниот крај,
направете го првото сечење нагоре приближно
1/3 од дијаметарот на дрвото.
Второто сечење треба да се направи надолу и
треба да се сретне со првото.
Сечење на трупецот одоздола нагоре
Направете засек под агол кога едниот дел може
да се потпре на другиот.
12
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не дозволувајте до пластичните делови да дојдат
течности за кочници, бензин и материјали на
база на нафта. Хемикалиите може да ја оштетат
пластиката и истата да не може да се сервисира.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не користете силни растворувачи или детергенти
на пластичното куќиште и на деловите. Силните
растворувачи и детергенти може да предизвикаат
оштетување на пластичното куќиште или на
деловите.
Македонски
Извадете ја батеријата од машината пред
одржување.
12.1 ПРИСПОСОБЕТЕ ЈА
ЗАТЕГНАТОСТА НА ЛАНЕЦОТ
Слика 2-7.
Колку што повеќе го користите ланецот, толку
подолг станува. Затоа е важно редовно да го
приспособувате ланецот за да го затегнете.
Затегнете го ланецот колку што е можно поцврсто,
но не толку цврсто за да не можете слободно да го
повлечете со рака.
Лабав ланец може да отскокне и да предизвика
сериозна, па дури и фатална повреда.
Носете заштитни ракавици ако го допирате
ланецот, водичот или областите околу ланецот.
1. Запрете ја машината.
2. Олабавете ги навртките од капакот на запчаникот
со клучот.
Не е неопходно да го отстранувате капакот на
запчаникот за да ја приспособите затегнатоста на
ланецот.
3. Свртете го регулаторот за затегнување на
ланецот во насока на стрелките на часовникот за
да ја зголемите затегнатоста на ланецот.
4. Свртете го регулаторот за затегнување на
ланецот спротивно од стрелките на часовникот
за да ја намалите затегнатоста на ланецот.
5. Кога ланецот е поставен на саканата затегнатост,
затегнете ги навртките на капакот на запчаникот.
6. Повлечете го ланецот во средината на водичот
за ланец на дното, подалеку од водичот.
Празнината помеѓу ланецот и водичот на
ланецот треба да биде помеѓу 3 mm и 4 mm.
12.2 НАОСТРЕТЕ ГИ СЕКАЧИТЕ
Наострете ги секачите ако ланецот не може лесно
да навлезе во дрвото.
Препорачуваме вашиот продавач, којшто има
електрична острилка, да го изврши важниот процес
на острење.
Слика 18-21.
189
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ
БЕЛЕШКА
БЕЛЕШКА
MK

Advertenties

loading