•
Кога сечете голема гранка којашто е под
затегнување, внимавајте да не ви се врати.
Кога ќе се ослободи затегнувањето во
дрвените влакна, големата гранка може да
го удри операторот и/или да ја исфрли
моторната пила од контрола.
•
Бидете многу претпазливи при сечење
грмушки и садници. Тенкиот материјал може
да го фати ланецот на пилата и да се
заплетка кон вас или да ве повлече од
рамнотежа.
•
Носете ја моторната пила на предната
рачка со исклучена и оддалечена моторна
пила од вашето тело. Кога ја пренесувате
или ја складирате моторната пила, секогаш
поставувајте го капакот на водичот за ланец.
Правилното ракување со моторната пила ќе
ја намали веројатноста за случаен контакт со
движечкиот ланец на пилата.
•
Следете ги упатствата за подмачкување,
затегнување на ланецот и менување
на водичот и на ланецот. Неправилно
затегнатиот или подмачканиот ланец може
да се скрши или да ја зголеми шансата за
повратен удар.
•
Сечете само дрво. Не користете ја моторната
пила за ненаменети цели. На пример, не
користете ја моторната пила за сечење
на метал, пластика, ѕидни конструкции
или градежни материјали коишто не се
изработени од дрво. Употребата на
моторната пила за различни работи од
предвидените може да доведе до опасна
ситуација.
•
Не обидувајте се да сечете дрва додека
не ги разберете ризиците и како да ги
избегнете. Може да дојде до сериозна повреда
на операторот или случајни минувачи кога ќе
паѓа исеченото дрво.
•
Следете ги сите упатства при чистење
на заглавениот материјал, складирање или
сервисирање на моторната пила. Проверете
дали прекинувачот е исклучен и дали
е отстранета батеријата. Неочекуваното
активирање на моторната пила при
чистењето на заглавениот материјал или
сервисирањето може да резултира со сериозна
лична повреда.
4
СПРЕЧЕТЕ ГО ПОВРАТНИОТ
УДАР НА ОПЕРАТОРОТ
Повратен удар може да настане кога носот или
врвот на водичот за ланец допира предмет или кога
дрвото се затвора и го стиска ланецот на пилата при
сечењето.
Македонски
Контактот со врвот во некои случаи може да
предизвика ненадејна обратна реакција, удирајќи го
водичот за ланец нагоре и наназад кон операторот.
Фаќањето на ланецот на пилата долж горниот дел од
водичот за ланец може брзо да го турне водичот за
ланец назад кон операторот.
Било која од овие реакции може да предизвика да ја
изгубите контролата врз пилата што може да доведе
до сериозна лична повреда. Не се потпирајте
исклучиво на сигурносните уреди вградени во
пилата. Како корисник на моторната пила, треба
да преземете неколку чекори за да ги одржувате
работните места за сечење без незгоди или
повреди.
Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатката и/или неточни оперативни процедури
или услови и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, наведени
подолу:
•
Одржувајте цврст стисок, со палците и
прстите околу рачките на моторната пила,
со двете раце на пилата и телото и раката
поставени на тој начин што овозможуваат да
издржите на силите на повратните удари.
Операторот може да ги контролира силите за
повратен удар ако преземе соодветни мерки на
претпазливост. Не испуштајте ја моторната пила.
•
Не досегнувајте премногу далеку и не сечете
над висината на рамото. На овој начин се
спречува ненамерен контакт со врвот и се
овозможува подобра контрола на моторната
пила во неочекувани ситуации.
•
Користете само заменски водичи и ланци
наведени од производителот. Несоодветните
водичи и ланци за замена може да предизвикаат
кршење на ланецот и/или повратен удар.
•
Следете ги упатствата на производителот
за острење и одржување на ланецот за
пила. Намалувањето на висината на мерачот
на длабочина може да доведе до зголемен
повратен удар.
5
ПРЕПОРАЧАН ОПСЕГ
НА АМБИЕНТАЛНА
ТЕМПЕРАТУРА:
Предмет
Опсег на температурата
за складирање на
уредот
Опсег на температурата
за работа на уредот
183
Температура
0 ˚C ~ 45 ˚C
0 ˚C ~ 45 ˚C
MK