Доколку за некој од производите има потреба од сервисирање за време на периодот додека
важи гаранцијата, клиентот треба директно да стапи во контакт со локалниот сервисен центар
на Интеракустикс за да дознае кое е најсоодветното место за поправка. Поправката или
замената ќе се направи на трошок на Интеракустикс, во согласност со условите на оваа
гаранција. Производот за кој е потребен сервис треба веднаш да се врати, правилно спакуван и
со однапред платена поштарина. Губење или штета на пратката што се враќа на Интеракустикс
ќе бидат на ризик на клиентот.
Во никој случај Интеракустикс нема да се одговорни за случајни, индиректни или
последователни штети во врска со набавката или употребата на некој производ на
Интеракустикс.
Ова важи исклучиво за првиот купувач. Оваа гаранција нема да важи за наредните сопственици
или корисници на производ. Исто така, оваа гаранција нема да важи, а Интеракустикс нема да е
одговорен за никаква загуба што ќе произлезе од набавката или употребата на производ на
Интеракустикс којшто е:
• поправен од некој што не е овластен претставник за сервисирање на Интеракустикс;
• изменет на начин што според мислењето на Интеракустикс влијае врз неговата
стабилност или сигурност;
• предмет на злоупотреба или запоставување или несреќа или ако бил изменет,
избришан или отстранет серискиот број или бројот на партијата; или
• несоодветно одржуван или користен на начин што не е во согласност со упатствата
дадени од Интеракустикс.
Оваа гаранција е наместо сите други гаранции, изразени или имплицирани, и за сите други
обврски или одговорности на Интеракустикс, а Интеракустикс не дава или доделува директно
или индиректно овластување на некој претставник или друга личност да преземе во име на
Интеракустикс некоја друга одговорност во врска со продажбата на производи на
Интеракустикс.
ИНТЕРАКУСТИКС СЕ ОТКАЖУВА ОД СИТЕ ДРУГИ ГАРАНЦИИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ
ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО СЕКАКВА ГАРАНЦИЈА НА МОЖНОСТ ЗА ТРГУВАЊЕ ИЛИ ЗА
ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА УРЕДОТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ ИЛИ ПРИМЕНА.
MT10 Упатство за употреба – MK
Страница 17