Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Упатство За Работа - Interacoustics MT10 Gebruiksaanwijzing

Draagbare impedantie-audiometer
Verberg thumbnails Zie ook voor MT10:
Inhoudsopgave

Advertenties

3.
Упатство за работа
Овој инструмент е опремен со часовник за реално време. Пред употреба ве молиме да го
наместите датумот и времето според локалните вредности со цел да се овозможи податоците
од тестовите и статусот на калибрирање точно да се идентификувани.
Многу е важно внимателно да се ракува со инструментот секогаш кога ќе е во контакт со
пациент. Потребно е смирено и стабилно позиционирање во текот на тестирањето за да се
постигне оптимална прецизност.
1. Користете го овој уред само како што е опишано во овој прирачник.
2. Користете само Sanibel врвови за уво за еднократна употреба, дизајнирани за употреба
со овој инструмент.
3. Секогаш користете нов врв за уво за секој пациент за да избегнете вкрстено
загадување. Врвот за уво не е дизајниран за повторна употреба.
4. Никогаш не вметнувајте го врвот на сондата во ушниот канал без да поставите врв за
увото, бидејќи ако пропуштите ова да го направите, може да го оштетите ушниот канал
на пациентот.
5. Чувајте ја кутијата со врвови за уво вон од дофат на пациентот.
6. Внимавајте врвот на сондата да го вметнете така што ќе е херметички поставен без да
го повредите пациентот. Користењето соодветен и чист врв за увото е задолжително.
7. Секогаш користите само стимулативни интензитети што се прифатливи за пациентот.
8. Се препорачува да се спроведе тестирање на сондата на почетокот на секој ден за да
се осигури дека сондата и/или кабелот функционираат правилно.
9. Редовно чистете го врвот на сондата за да се осигурите дека восокот или другите
остатоци заглавени во врвот на сондата не влијаат врз мерењето.
10. Контраиндикации за тестирање вклучуваат неодамнешна стапедоктомија или операција
на средното уво, уво што лачи, акутна надворешна повреда на аудитивниот канал,
непријатност (на пример, тешка отитис екстерна) или оклузија на надворешниот
аудитивен канал. Тестирањето не треба да се врши на пациенти со такви симптоми без
одобрение од лекар.
11. Присуството на тинитус, хиперакузис или друга чувствителност на гласни звуци може да
е контраиндикативно за тестирање кога се користат стимули со висок интензитет.
12. Ниту еден дел од уредот не смее да се сервисира додека е во употреба со пациент.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
1. Многу е важно внимателно да се ракува со инструментот секогаш кога ќе е во контакт со
пациент. Потребно е смирено и стабилно позиционирање во текот на тестирањето за да
се постигне оптимална прецизност
2. Со МТ10 треба да се ракува во тивка околина, така што мерењата да не се под влијание
на надворешни акустични звуци. Ова може да го утврди соодветно квалификувано лице
обучено за акустика. ISO 8253 Дел 11 во своето упатство дефинира тивка просторија за
аудиометриско испитување на слухот во нејзиното упатство.
3. Се препорачува со инструментот да се ракува на собна температура од 15°C / 59°F –
35°C / 95°F.
4. Никогаш немојте да го чистите куќиштето на претворачот со вода и не вметнувајте
неспецифицирани инструменти во претворачот
5. Немојте да го испуштате уредот и избегнувајте други непотребни влијанија врз него.
Доколку инструментот е испуштен или на друг начин е оштетен, вратете го на
производителот за поправка и/или калибрација. Немојте да го користите инструментот
ако постои сомневање дека има какво било оштетување.
MT10 Упатство за употреба – MK
Страница 7

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Inhoudsopgave