Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Одржување; Општа Процедура За Одржување; Чистење На Додатоците; Калибрирање И Враќање На Инструментот - Interacoustics MT10 Gebruiksaanwijzing

Draagbare impedantie-audiometer
Verberg thumbnails Zie ook voor MT10:
Inhoudsopgave

Advertenties

4.
Одржување
4.1 Општа процедура за одржување
МТ10 е прецизен инструмент. Ракувајте со него внимателно за да продолжи да биде прецизен и
да ви служи. Пред да го чистете инструментот извадете ги батериите. Користете мека
навлажнета крпа и благ детергент за чистење на инструмент таблата и куќиштето на
инструментот. Внимавајте да не навлезе влага во инструментот.
4.2 Чистење на додатоците
Врвовите за увото треба да се менуваат по секоја употреба.
Работете со сондата и додатоците внимателно.
Врвот на сондата и неговата гумичка за пломбирање се за една употреба. Врвот на сондата
треба да се проверува пред секое ставање во уво за да бидете сигурни дека не е оштетен и
дека ниедна од цевките низ неа не е затната. Доколку е потребно треба да се замени.
Гумичката за пломбирање треба да се замени доколку покажува знаци на изабеност или
доколку постои сомнеж дека истекува притисок.
Важна забелешка: Немојте да дозволите влага, кондензација или нечистотија да навлезе во
сондата.
4.3 Калибрирање и враќање на инструментот
Се препорачува МТ10 да се калибрира еднаш годишно. Ве молиме стапите во контакт со
Интеракустикс за детали.
Кога го враќате инструментот на повторна калибрација ве молиме користете ја оригиналната
купија во која бил спакуван при доставата. Ставете го инструментот во пластична кеса пред да
го спакувате за да спречете нечистотија и прашина да навлезат во сондата. Не ги враќајте
батериите со инструментот.
Процедурата за калибрирање е дадена во прирачникот за сервисирање кој е достапен на
барање.
Не ја модифицирајте оваа опрема без овластување.
Интеракустикс на барање ќе ги обезбеди релевантните дијаграми на колата, листата на
составните делови, описи, упатства за калибрирање, или други информации кои ќе му помогнат
на персоналот за сервисирање да ги поправат оние делови од овој тимпанометар коишто се
посочени од Интеракустикс како нешто што може да се поправи од персоналот за сервисирање.
4.4 Како да се исчистат производите на Интеракустикс
Доколку површината од инструментот или делови се контаминирани можат да се исчистат со
мека крпа навлажнета со благ раствор од вода и средство за миење садови или нешто слично.
Мора да се избегнува користење на органски раствори и ароматични масла. Внимавајте
течност да не навлезе во инструментот или додатоците.
MT10 Упатство за употреба – MK
Страница 15

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Inhoudsopgave