Секогаш користете дијамантска брусна плоча за
u
сечење со правилната големина и со соодветниот
отвор за прифат, кој е соодветен на димензиите
дадени во Техничките податоци.
Користете само дијамантски дискови за сечење.
u
Сегментните дијамантски плочи смеат да
покажуваат негативен агол на сечење и
максимален процеп од 10 мм помеѓу сегментите.
Монтирање на дијамантската брусна плоча за сечење
– Исчистете го дијамантскиот диск за сечење (25) и сите
делови што се монтираат.
– Извадете го прстенестиот клуч (24) од под рачката (4).
– Поставете го дијамантскиот диск за сечење (25) на
погонското вратило (12). Правецот на стрелката на
дијамантскиот диск за сечење (25) и стрелката која го
покажува правецот на вртење (8) на заштитниот
капак (5) мора да соодветствуваат.
– Вртете ја затезна завртка со подлошка (9) на
вретеното, додека подлошката не се прицврсти.
– Повлечете и задржете го лостот за фиксирање на
вретено (13) и вртете го дијамантскиот диск за
сечење (25) додека блокадата на вретеното не се
активира.
– Прицврстете ја затезната завртка (9) на погонското
вратило (12) со прстенест клуч (24).
– Отпуштете го лостот за фиксирање на вретеното (13).
– Повторно вметнете го прстенестиот клуч (24) во
подножјето на рачката (4).
Демонтирање на дијамантската брусна плоча за
сечење
– Извадете го прстенестиот клуч (24) од под рачката (4).
– Повлечете и задржете го лостот за фиксирање на
вретеното (13).
– Со прстенест клуч (24) олабавете го затезната
завртка (9).
– Олабавете и извадете ја затезната завртка со
подлошка (9), стезната прирабница (10) и
дијамантскиот диск за сечење (25) од погонското
вратило (12).
– Монтирајте нов дијамантски диск за сечење (25)(види
„Монтирање на дијамантската брусна плоча за
сечење", Страница 227).
– Повторно вметнете го прстенестиот клуч (24) во
подножјето на рачката (4).
Вметнување/замена на дискот за сечење
Напомена: не смее да се користи системот за ладење со
вода при работа со композитни брусни средства!
Монтирање на брусната плоча за сечење
Дискот за сечење се монтира на ист начин како и
дијамантскиот диск за сечење. Не мора да се следи
насоката на вртење на дискот за сечење.
Bosch Power Tools
Демонтирање на дискот за сечење
Дискот за сечење се демонтира на ист начин како и
дијамантскиот диск за сечење.
Монтирање на приклучокот за вода (види
слика E)
Напомена: користете го системот за ладење со вода
само кога работите со дијамантски дискови за сечење. Не
користете го системот за ладење со вода кога работите со
композитни материјали.
– Погрижете се доводот на вода да е исклучен и
вентилот (16) да е затворен.
– Отстранете ја навртката од адаптерот (18).
– Вметнете го цревото низ навртката во адаптерот (18) и
прицврстете ја навртката рачно.
– Ставете го адаптерот (18) на млазницата на
цревото (17) додека не слушнете дека ќе се вклопи
Напомена: максимален дозволен притисок на вода: 6,2
bar
Демонтирање на приклучокот за вода
– Повлечете ја чаурата од адаптерот (18) и извадете го
цревото со адаптерот.
– Адаптерот (18) може да се монтира на млазницата на
цревото (18) за да се складира.
Приспособување на заштитниот капак (види
слика F)
Притиснете и задржете ја рачката за приспособување (7)
на заштитниот капак.
Свртете го заштитниот капак (5) со рачката (6) во
u
саканата позиција.
Поставете ја заштитната хауба (5) на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето што
ја користи.
Ослободете ја рачката за приспособување (7) на
заштитниот капак. Лизгајте ја рачката (6) во двете
насоки, за да се уверите дека заштитниот капак (5) е
вклопен.
Во правецот на вртење на опремата, заштитниот
u
капак (5) смее да се врти само со притискање на
рачката за приспособување (7) ! Инаку,
електричниот алат не смее да се користи и мора да
се предаде на сервисната служба.
Работа
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување (види слика G)
За ставање во употреба на електричниот алат прво
активирајте ја блокадата при вклучување (2), а потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (1) и задржете го.
Македонски | 227
1 609 92A 3AM | (15.11.2024)