Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Bosch Professional GCS 18V-230 Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 223

Doorslijpmachine
Inhoudsopgave

Advertenties

вклучете го електричниот алат на максимална
брзина без оптоварување една минута. Оштетените
дискови вообичаено се расипуваат во текот на овој
тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
u
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка престилка
којашто ги запира малите абразивни парчиња или
парчиња од делот што го обработувате. Заштитата
за очи мора да овозможи спречување на остатоци што
се распрскуваат при работењето. Маската против прав
или респираторот мора да ги филтрира честичките што
се генерираат при работењето. Долготрајна
изложеност на интензивна бучава може да доведе до
губење на слухот.
Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени
u
од работниот простор. Секој што влегува во
работниот простор мора да носи лична заштитна
опрема. Парчињата од делот што го обработувате или
од расипаниот диск може да се распрскаат и да
предизвикаат повреда надвор од непосредната
работна површина.
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете со дополнителната
опрема, за да не дојде во контакт со скриена жица.
Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон", може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон" и операторот може да
добие струен удар.
Не го оставајте електричниот алат долу додека
u
дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачкиот диск може да ја зафати површината и да
го повлече електричниот алат надвор од ваша
контрола.
Не го вклучувајте електричниот алат додека го
u
држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка
дополнителна опрема може да ја закачи вашата
облека, со повлекување на дополнителната опрема
кон вашето тело.
Редовно чистете ги воздушните вентили на
u
електричниот алат. Вентилаторот на моторот
повлекува прав во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електричен удар.
Не работете со електричниот алат во близина на
u
запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат
овие материјали.
Одбивање и слични предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или
закачен ротирачки диск. Приклештувањето или
закачувањето предизвикува брзо маневрирање на
ротациониот диск, којшто од друга страна, предизвикува
присилно насочување на неконтролираниот електричен
алат во спротивен правец од ротирањето на дискот до
точка на навалување.
Bosch Power Tools
На пример, ако абразивен диск е закачен или
приклештен за делот што го обработувате, острицата на
дискот која влегува во приклештената точка може да се
зарие во површината на материјалот и дискот да се
помести или ослободи. Дискот може да скокне или да се
одбие од операторот, во зависност од неговата насока на
движење на точката на приклештување. Абразивните
дискови, исто така, може да се искршат под овие услови.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветно работење или услови, и може да се избегне
со преземање на соодветните превентивни мерки
наведени подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и
u
позиционирање на вашето тело и рака за да се
овозможи отпор на силите на одбивање. Секогаш
користете помошна рачка, доколку има, за
максимална контрола на одбивањето или силата на
вртење при вклучување. Операторот може да ги
контролира реакциите на силата на вртење или силите
на одбивање, доколку се преземат соодветни
превентивни мерки.
Не ја ставајте раката во близина на ротирачката
u
дополнителна опрема. Дополнителната опрема може
да се одбие преку вашата рака.
Не застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск.
u
Одбивањето ќе го придвижи алатот во спротивен
правец од движењето на дискот на точката на
закачување.
Обрнете посебно внимание при изработка на агли,
u
остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и
закачување на дополнителната опрема. Аглите,
острите ивици или отскокнувањето може да доведат до
закачување на дополнителната опрема и да
предизвикаат губење на контрола или одбивање.
Не закачувајте ланец на пилата, сечило за длабење,
u
сегментирани дијамантски дискови со периферна
празнина поголема од 10 mm или назабено сечило
за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања
и губење на контрола.
Не го „притискајте" дискот за сечење и не
u
применувајте прекумерен притисок. Не
настојувајте да направите прекумерно длабок
засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува
оптоварувањето и осетливоста на виткање и
навалување на дискот во засекот и можноста за
одбивање или кршење на дискот.
Кога дискот се навалува или кога го прекинува
u
сечењето заради некоја причина, исклучете го
алатот и држете го неподвижен додека дискот
целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го
отстраните дискот за сечење од засекот додека се
движи, во спротивно може да дојде до одбивање.
Проверете и преземете соодветно дејство за да ја
елиминирате причината за навалување на дискот.
Не започнувајте повторно со сечење во делот што
u
го обработувате. Почекајте додека дискот да
достигне целосна брзина и внимателно влезете
Македонски | 223
1 609 92A 3AM | (15.11.2024)

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Inhoudsopgave