Инсталирање на LG ThinQ
Побарајте ја апликацијата LG ThinQ на Google
Play Store & Apple App Store преку вашиот
смартфон. Следете ги инструкциите за
преземање и инсталирање на апликацијата.
Wi-Fi функција
Комуницирајте со апаратот од смарт телефон со
помош на практичните смарт функции.
Smart Diagnosis™
Ако ја користите функцијата Smart Diagnosis, ќе
добиете корисни информации какви што се оние
за правилниот начин на користење на апаратот
врз основа на шемата за употреба.
Подесувања
Ви овозможува да поставите различни опции кај
апаратот и во апликацијата.
НАПОМЕНА
• Ако го промените својот безжичен рутер,
добавувачот на интернет услуги или лозинката,
избришете го регистрираниот апарат од
апликацијата LG ThinQ и повторно
регистрирајте го.
• Апликацијата подлежи на промени заради
подобрување на апаратот, без да им се даде
предупредување на корисниците.
• Карактеристиките може да варираат во
зависност од моделот.
Користење на функцијата за спарување
на Wi-Fi
Откако ќе биде поврзан со интернет преку
домашната Wi-Fi мрежа, ќе можете далечински
да го контролирате апаратот, преку апликацијата
за паметниот телефон.
• Притиснете и задржете ги истовремено FAN
SPEED и копчето JET MODE, околу 3 секунди.
Известување за софтвер со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL,
LGPL, MPL и другите лиценци за отворен
изворен код кој се користи кај овој производ,
посетете ја страницата https://opensource.lge.
com.
Покрај изворниот код, достапни за преземање се
и сите наведени одредби на лиценца,
одрекувања од одговорност и известувања за
авторски права.
LGE исто така ќе ви овозможи слободен код на
CD-ROM за цена која ги покрива трошоците за
таквото доставување (како на пр. трошоци за
медиумот, пратката и манипулативни трошоци)
по барање преку е-пошта на opensource@lge.
com. Оваа понуда е валидна во период од три
години по последната наша испорака на овој
производ. Оваа понуда важи за секој примател
на овие информации.
МК
17