•Апаратот треба да биде инсталиран во согласност со
националните одредби за електрика.
•Кога кабелот треба да се замени, замената треба да се
изврши од страна на овластени лица, кои што ги користат
само оригиналните резервни делови.
•Апаратот треба да биде со правилно заземјување, за да се
минимизира ризикот од електричен удар.
•Не прекинувајте или отстранувајте го заземјувачкиот контакт
од утикачот.
•Приклучувањето на адаптерот за заземјување, на завртката од
капакот на ѕидниот приклучок, не го постигунува
заземјувањето на апаратот, освен во случај кога завртката на
капакот е од метал и е неизолирана, а ѕидниот приклучок е со
заземјување преку куќната електрична мрежа.
•Ако имате било каков сомнеж во правилното заземјување на
клима уредот, повикајте квалификуван електричар да ги
провери ѕидниот приклучок и струјното коло.
•Разладното средство кај гасот којшто дува во апаратот и
изолацијата, бараат посебни постапки за отстранување.
Консултирајте се со сервисен агент или некоја друга личност
со слични квалификации, пред нивното отстранување.
•Ако е оштетен кабелот, мора да биде заменет од
производителот или од негови сервисери, или пак од слично
квалификувано лице, за да се избегне опасност.
•Апаратот треба да се чува во добро проветрена просторија,
каде што големината на собата ќе одговара на наведеното
подрачје, потребно за негово работење. (за R32)
•Апаратот треба да се чува во соба каде што нема постојана
работа на отворен пламен (како на пример на гасни апарати)
и извори на палење (како на пример на електрична греалка).
(за R32)
•Апаратот треба да се чува на начин, на којшто би се спречила
појава на механичко оштетување. (за R32)
8
МК