ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од пожар, струен удар или
повреди на лица при користење на производот, треба да
се почитуваат основните безбедносни мерки, вклучувајќи
ги следните.
Деца во домаќинството
Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални
способности, или со недоволно искуство и знаење, освен ако
се под надзор или ако добиваат упатства за употребата на
апаратот од лице коешто е одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор за да не се дозволи да си
играат со апаратот.
За употреба во Европа:
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности
или со недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или
добиваат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин
и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не
смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не
смеат да го прават деца без надзор.
МОНТАЖА
•Не инсталирајте го клима уредот на нестабилна површина,
или на место каде што постои опасност да падне.
•Контактирајте го овластениот сервисен центар за инсталирање
или преместување на клима уредот.
•Безбедно инсталирајте ги плочата и капакот на контролната
кутија.
4
МК