РАБОТЕЊЕ
Напомени за работењето
Предлози за заштеда на енергија
• Не ладете го претерано внатрешниот простор. Тоа може да биде штетно за вашето здравје и може
да доведе до зголемена потрошувачка на струја.
• Блокирајте ја сончевата светлина со ролетни или завеси, додека работи клима уредот.
• Држете ги затворени вратите и прозорците, додека работи клима уредот.
• Прилагодете ја хоризонтално или вертикално насоката на протокот на воздухот, за да дојде до
циркулација на воздухот во затворената просторија.
• Забрзајте го фенот заради побрзо ладење или затоплување на внатрешниот воздух, во краток
временски период.
• Редовно отворајте ги прозорците заради проветрување. Квалитетот на воздухот во затворените
простории може да се влоши, ако клима уредот се користи подог временски период.
• Чистете го филтерот за воздух еднаш на секои 2 недели. Прашината и нечистотиите коишто се
собираат во филтерот за воздух можат да го блокираат протокот на воздухот, или да доведат до
слабеење на функциите на ладење/намалување на влажноста на воздухот.
Делови и функции
Внатрешна единица
Филтер за воздух
Преден капак
Одвод на воздух
Вклучи/Исклучи копче
Приемник на сигнал
НАПОМЕНА
• Бројот и локацијата на работните светла може да варира во зависност од моделот на клима уредот.
• Функцијата може да се менува во зависност од типот на моделот.
Надворешна единица
Отвори на доводот на воздух
Отвори на одводот на воздух
МК
11