•Прекинете го напојувањето ако постои било каква врева,
миризба или чад, коишто доаѓаат од клима уредот.
•Не оставајте запалливи материи, како што се нафта, бензин,
или разредувач, во близина на клима уредот.
•Контактирајте го овластениот сервисен центар, во случај
клима уредот да е потопен под некои поплавни води.
•Не користете го клима уредот подолго време во некој мал
простор, без соодветна вентилација.
•Во случај на истекување на гас (како фреон, пропан, LP гас,
итн.) проветрете доволно пред повторната употреба на клима
уредот.
•За чистење на внатрешноста, контактирајте го овластениот
сервисен центар или дистрибутер. Користењето на јаки
детергенти може да предизвика корозија или оштетување на
единицата.
•Осигурете се дека доволно сте го проветриле просторот, при
истовремената употреба на клима уредот и некој апарат за
греење.
•Не блокирајте го влезот или излезот на протокот на воздух.
•Не ставајте ги рацете или некои други предмети во влезот или
излезот на воздухот, додека работи клима уредот.
•Осигурете се дека кабелот за напојување не е ниту валкан,
ниту лабав, ниту прекршен.
•Никогаш не допирајте го, ниту работете или поправајте го
клима уредот со влажни раце.
•Не ставајте било какви предмети врз кабелот за напојување.
•Не ставајте греалка или некои апарати за греење, во близина
на кабелот за напојување.
•Не менувајте или продолжувајте го кабелот за напојување.
Изгребаната или излупената изолација на кабелот за
напојување може да доведе до пожар или електричен удар, и
треба да биде заменета.
•Во случај на снемување на струја или на невреме со
грмотевици, веднаш исклучете го напојувањето
6
МК