Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Одржување И Чистење - Bosch GOF Professional 1250 CE Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing

Verberg thumbnails Zie ook voor GOF Professional 1250 CE:
Inhoudsopgave

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 54
188 | Македонски
Глодање со шина-водилка (опрема)
Со помош на шините водилки и адаптерот за шините
водилки може да вршите праволиниски движења.
Глодање со копирната чаура (види слики I–L)
Со помош на копирната чаура (43) може да пренесувате
контури од нацрти одн. шаблони на делот за
обработување.
Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја
соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на
копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има
минимална дебелина од 8 mm.
За да се користи копирната чаура (43) најпрво мора да
се вметне SDS-адаптерот на копирната чаура (40) во
лизгачката плоча (11).
Поставате го адаптерот за копирната чаура (40) од горе
на лизгачката плоча (11) и завртете ги со 2 завртки за
прицврстување (41). Внимавајте на тоа, лостот за
деблокирање за адаптерот за копирната чаура (42) да
може слободно да се движи.
Вметнете го лостот за деблокирање (42) во правец на
стрелката и ставете ја копирната чаура (43) од долу во
SDS-адаптерот за копирна чаура (40). Кодираните запци
мора цврсто да се вметнат во отворите на копирната
чаура (43).
Проверете го растојанието од средината на глодалката и
работ на копирната чаура (види „Центрирање на
основната плоча (види слика N)", Страница 188).
Изберете помал дијаметар на глодалката од
u
внатрешниот дијаметар на копирната чаура.
Процес на глодање
Водете го вклучениот електричен алат со копирната
чаура (43) на шаблонот.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и
полека водете ја површинската глодалка надолу, додека
не се постигне подесената длабочина на глодање.
Повторно отпуштете го лостот за деблокирање (23) за да
ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување.
Водете го електричниот алат со копирната чаура што
стрчи (43) со страничен притисок по должината на
шаблонот.
Центрирање на основната плоча (види слика N)
За да е подеднакво исто растојанието од средината на
глодалката до работ на копирната чаура (43) доколку е
потребно копирната чаура и лизгачката плоча (11), може
да се центрираат една кон друга.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и
водете ја површинската глодалка до крај во правец на
основната плоча (13). Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање (23) за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
Олабавете ги завртките за прицврстување (44) за околу
2 вртења, така што лизгачката плоча (11) ќе може
слободно да се движи.
Поставете го трнот за центрирање (45) во прифатот за
алат како што е прикажано на сликата. Рачно зацврстете
1 609 92A 9JJ | (23.05.2024)
ја претурната навртка, така што трнот за центрирање сè
уште може слободно да се движи.
Центрирајте ги трнот за центрирање (45) и копирната
чаура (43) еден со друг, со лесно поместување на
лизгачката плоча (11).
Повторно затегнете ги завртките за прицврстување (44).
Извадете го трнот за центрирање (45) од прифатот за
алат.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) и водете ја
површинската глодалка во најгорната позиција.
Менување на батерија (GOF 1250 LCE) (види слика M)
Отворете го поклопецот на преградата за батерии (22)
нагоре и извадете ја батеријата. Ставете нова батерија
(тип CR2032). Позитивниот пол на батеријата мора да
покажува нанапред кон поклопецот на преградата за
батерии (22). Ставете го дихтунгот (46) и затворете го
поклопецот на преградата за батерии (22).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При екстремни услови на примена, доколку е
u
возможно секогаш користете уред за вшмукување.
Чистете ги почесто отворите за проветрување со
една четка и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот алат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот алат.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
Bosch Power Tools

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Gof professional 1250 lce

Inhoudsopgave