186 | Македонски
Материјал
Дијаметар на
глодалката [mm]
Цврсто дрво
(бука)
Меко дрво (бор)
Иверки
Пластика
Алуминиум
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Вклучување/исклучување
Пред вклучувањето, поставете ја длабочината на
глодање.
За Вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (29) и држете
го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (29) притиснете го копчето
за (2).
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (29) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (2)
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (29) и потоа отпуштете го.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење
на моторот.
Заштита од преоптоварување
Заштитата при преоптоварување, при екстремно
преоптоварување го спречува преголемиот довод на
струја. Ова може да доведе до намалување на бројот на
вртежи на моторот и излезната јачина, а во екстремни
случаи и до запирање на моторот.
По растеретувањето на електричниот апарат, моторот
веднаш стартува со висок број на работни вртежи.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на доводот на струја.
1 609 92A 9JJ | (23.05.2024)
Позиција на
вртливото копче
за подесување
4–10
5–6
12–20
3–4
22–40
1–2
4–10
5–6
12–20
3–6
22–40
1–3
4–10
3–6
12–20
2–4
22–40
1–3
4–15
2–3
16–40
1–2
4–15
1–2
16–40
1
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (29) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Лост за деблокирање (види слика C)
Ресетирањето на лостот за деблокирање (23) се врши
веднаш по отпуштањето. За подобра сила на држење,
лостот за деблокирање (23) мора да се повлече до крај.
По потреба, силата на држење може дополнително да се
подеси. Ставете внатрешен шестаголен клуч (4 mm) во
отворот на рачката. За зголемување на силата на
држење, свртете го шестаголниот внатрешен клуч во
правец на стрелките од часовникот, а за намалување на
силата на држење во правец спротивен на стрелките од
часовникот.
Подесување на длабочината за глодање
Подесувањето на длабочината на глодање смее да
u
се врши само доколку електричниот алат е
исклучен.
За грубо подесување на длабочината на глодање (види
слика D и E) постапете на следниот начин:
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
– Со вртливото копче (25) поставете ги границите на
фино подесување на средината. Свртете го вртливото
копче (25), додека не се поклопат ознаките (19) како
што е прикажано на сликата. Потоа свртете ја
скалата (24) на 0.
– Градираниот граничник (9)
поставете го на најнизок степен;
се слуша кога градираниот
граничник ќе се вклопи.
(19)
– Олабавете ја завртката (15) на
граничникот за длабочина (14),
така што тој (14) ќе може слободно да се движи.
– Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и
полека водете ја површинската глодалка надолу,
додека глодалката (5) не ја допре површината на делот
што се обработува. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање (23) за да ја фиксирате оваа позиција.
– Притиснете го граничникот за длабочина (14) надолу,
додека не легне на градираниот граничник (9).
GOF 1250 LCE: Вклучете го дигиталниот приказ за
длабочина на прекинувачот за вклучување/
исклучување (18). Притиснете го копчето (16) за
подесување на нулта точката на граничникот за
длабочина (14).
GOF 1250 CE: Лизгачот со индексната ознака (27)
наместете го на позиција 0 на скалата за длабочина на
глодање (26).
– Поставете го граничникот за длабочина (14) на
саканата длабочина за глодање и затегнете ја
завртката (15) на граничникот за длабочина (14).
GOF 1250 CE: Внимавајте на тоа, лизгачот со
индексната ознака (27) да не го поместувате повеќе.
Bosch Power Tools