Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Bosch GOF Professional 1250 CE Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 187

Verberg thumbnails Zie ook voor GOF Professional 1250 CE:
Inhoudsopgave

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 54
– Притиснете го лостот за деблокирање (23) и водете ја
површинската глодалка во најгорната позиција.
При големи длабочини на глодање треба да се направат
повеќе процеси на обработка со помало вадење
струготини. Со помош на градираниот граничник (9)
може да го поделите процесот на глодање на повеќе
степени. Притоа, подесете ја саканата длабочина на
глодање со најнизок степен на градираниот граничник и
за првиот процес на обработка изберете го највисокиот
степен. Растојанието помеѓу степените може да се
промени со вртење на завртките за подесување (10).
По пробата за глодање, со вртење на вртливото
копче (25) можете да ја подесите длабочината на
глодање точно на саканите димензии; свртете во правец
на стрелките на часовникот за зголемување на
длабочината на глодање, а за намалување на
длабочината на глодање свртете во правец спротивен на
стрелките на часовникот. Скалата (24) служи за
ориентација. Едно вртење одговара на должина на
подесување од 2,0 mm, една од цртичките на долниот раб
на скалата (24) одговара на промена на должината на
подесувањето за 0,1 mm. Максималната должина на
подесување изнесува ±8 mm.
Пример: Потребната длабочина на глодање треба да
изнесува 10,0 mm, а при пробното глодање сте измериле
длабочина од 9,6 mm.
– Свртете ја скалата (24) на 0.
– Свртете го вртливото копче (25) за 0,4 mm/4 цртички
(разлика од зададената и реалната вредност) во
правец на стрелките на часовникот.
– Проверете ја избраната длабочина на глодање со уште
едно пробно глодање.
GOF 1250 CE: По поставувањето на длабочината на
глодање, не ја менувајте повеќе позицијата на
лизгачот (27) на граничникот за длабочина (14) за да
може во секое време да ја прочитате моменталната
длабочина на скалата (26).
GOF 1250 LCE: Ќе се прикаже моменталната длабочина
на глодање на екранот (21).
Совети при работењето
Заштитете ги алатите за глодање од удари.
u
Правец и процес на глодање (види слика F)
Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
u
спроти правецот на ротација на глодалката (5)
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот алат може да ви избега од
раката.
Поставете ја саканата длабочина на глодање (види
„Подесување на длабочината за глодање",
Страница 186).
Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на
делот за обработување и вклучете го.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и
водете ја површинската глодалка до крај во правец на
основната плоча (13). Повторно отпуштете го лостот за
Bosch Power Tools
деблокирање (23) за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја
површинската глодалка во најгорна позиција.
Исклучете го електричниот алат.
Глодање со помошен граничник (види слика G)
За обработка на големи делови на пр. кај глодалки за
жлебови, како помошен граничник на делот за
обработување може да прицврстите една даска или
лајсна и да ја водите површинската глодалка по
должината на помошниот граничник. Водете ја
површинската глодалка на израмнетата страна на
лизгачката плоча по должината на помошниот граничник.
Обликување и глодање на рабови
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слика H)
Вметнете го паралелниот граничник (33) со водечките
прачки (34) во основната плоча (13) и цврсто затегнете
го со завртките (7) соодветно на потребните димензии.
Со пеперутка-завртките (36) и (35) може дополнително
да ја подесите должината на паралелниот граничник.
Со вртливото копче (37) по олабавување на двете
пеперутки-завртки (35) може фино да ја подесите
должината. Едно вртење одговара на должина на
подесување од 2,0 mm, една од цртичките на вртливото
копче (37) одговара на промена на должината на
подесувањето за 0,1 mm.
Со шината-граничник (38) може да ја промените
ефективната контактна површина на паралелниот
граничник.
Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот што се
обработува.
При глодање со паралелен граничник (33) треба да се
врши и вшмукување на правта/струготините со помош на
специјален адаптер за вшмукување (39). Адаптерот за
вшмукување  може да остане монтиран.
Глодалки со адаптер за шестар (опрема)
За кружно глодање може да го употребите адаптерот за
шестар.
Македонски | 187
1 609 92A 9JJ | (23.05.2024)

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Gof professional 1250 lce

Inhoudsopgave