Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вметнување на глодалката (види слика A)
При ставање и менување на глодалката се
u
препорачува носење на заштитни ракавици.
Според целта на примената, глодалките се достапни во
најразлична изведба и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо
сечење (HSS) се погодни за обработка на меки
материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се
специјално наменети за цврсти и абразивни материјали
како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
– Навалете го лостот за блокада на вретеното (6) во
правец спротивен на стрелките на часовникот до крај
(➊). Ев. свртете го рачно вретеното на моторот,
додека не слушнете дека е вклопено.
– Цврсто затегнете ја претурната навртка (4) со
вилушкаст клуч (31) (ширина на клучот 19 mm) со
вртење во правец на стрелките на часовникот (➋).
– Ставете го алатот за глодање во затезната чаура.
Вратилото на алатот за глодање мора да се вметне
најмалку до ознаката во затезната чаура.
– Цврсто затегнете ја претурната навртка (4) со
вилушкаст клуч (31) (ширина на клучот 19 mm) со
вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот. Целосно затворете го лостот за блокада на
вретеното (6).
Без монтирана копирна чаура, не поставувајте
u
глодалка со дијаметар поголем од 50 mm. Овие
алати за глодање не поминуваат низ основната плоча.
Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура
u
со навртка за осигурување, доколку не е монтирана
глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се
оштети.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Bosch Power Tools
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика B)
Прикачете го цревото за всисување (Ø 35 mm) (32)
(опрема) на монтираниот адаптер за всисување.
Поврзете го цревото за всисување (32) со всисувач за
прав (опрема).
Електричниот алат може да се приклучи директно на
приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред
за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Ставање во употреба
GOF 1250 LCE: Откако ќе се приклучи на мрежното
напојување, светлечкиот прстен (3) непрекинато свети
заради осветлување на површината на делот што се
обработува.
Ставете ја батеријата (види „Менување на батерија
(GOF 1250 LCE) (види слика M)", Страница 188). Кај
некои модели батеријата е веќе вметната. Извадете ја
пломбата на батеријата, за да ја активирате.
Со копчето (17) поставете ја саканата мерна единица.
Бирање на бројот на вртежи
Со вртливото копче на бројот на вртежи (28) може да го
изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на алатот.
1−2
Низок број на вртежи
3−4
Среден број на вртежи
5−6
Висок број на вртежи
Прикажаните вредности во табелата се референтни
вредности. Неопходниот број на вртежи зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди при
практична примена.
Македонски | 185
1 609 92A 9JJ | (23.05.2024)