Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Philips AVENT SCF430 Handleiding pagina 215

Inhoudsopgave

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 104
Забелешка: Не грижете се доколку млекото не почне веднаш да
тече. Опуштете се и продолжете со измолзувањето. Преместувањето
на пумпата за измолзување на градата од време на време може да
помогне да се поттикне протокот на млеко.
5 Продолжете да пумпате додека не почувствувате дека градата ви е
празна.
6 Кога ќе завршите со измолзување, внимателно отстранете ја пумпата
за измолзување од градата и одвртете го шишето или чашата за
чување мајчино млеко од телото на пумпата. Исчистете ги другите
користени делови од пумпата за измолзување (видете „Чистење и
дезинфицирање").
По употребата
Предупредување: За безбедно користење на шишињата,
чашите за чување мајчино млеко и ќесичките за чување мајчино
млеко, прочитајте ги одделно обезбедените прирачници за
корисникот.
Внимание: За да избегнете оштетување на шишето - Цуцлата за
хранење да не се остава на директна сончева светлина или топлина
или во средство за дезинфекција подолго од препорачаното, затоа
што ова може да го оштети производот.
Доколку сакате да го нахраните Вашето бебе со измолзеното мајчино
млеко во рок од 4 дена, можете да го чувате мајчиното млеко во
фрижидер во склопено шише, чаша за чување мајчино млеко или во
ќесичка за чување мајчино млеко на Philips Avent. Во спротивно може да
го чувате мајчиното млеко во замрзнувач до 6 месеци. Да се чува само
млекото собрано со чиста и дезинфицирана пумпа.
1 За да го складирате мајчиното млеко: затворете го шишето со дискот
за дихтување и прстенот за навртување (Сл. 11).
2 За да го подготвите шишето за хранење на вашето бебе: поставете
цуцла во прстен за навртување и навртете го склопениот прстен за
навртување на шишето. Покријте ја цуцлата со капачето на шишето
(Сл. 12).
3 Во случај чашата за чување мајчино млеко да е вклучена во рачната
пумпа за измолзување, навртете го капакот на чашата за чување
мајчино млеко. Осигурете се дека правилно сте го затвориле за да
спречите протекување (Сл. 13).
4 Расклопете ги и исчистете ги сите делови што биле во контакт со
мајчино млеко (видете „Чистење и дезинфицирање").
Македонски
215

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Inhoudsopgave