Безбедност
За овој документ
Овој документ е наменет за оператори на следниве Geberit чешми за мијалник:
• Geberit чешма за мијалник Piave, подна и ѕидна монтажа
• Geberit чешма за мијалник Brenta, подна и ѕидна монтажа
Овој документ важи за дизајнот на оваа чешма за мијалник со Bluetooth®-интерфејс. Овие
чешми за мијалник се означени на фабричката табличка со „IWT-17-A" и Geberit Connect-лого.
Прописна употреба
Geberit чешмите за мијалник Piave и Brenta се наменети за точење вода. Секоја друга
употреба се важи за непрописна. Geberit не презема одговорност за последиците од
непрописната употреба.
Предупредувања и симболи во прирачников
Нивоа на предупредување и симболи
ВНИМАНИЕ
Означува опасност која може да предизвика материјални штети ако не се избегне.
Укажува на важни информации.
Безбедносни напомени
• Ракувањето, грижата и одржувањето смее да се извршуваат само од страна на операторот
како што е опишано во овие упатства за ракување.
• Geberit чешмите за мијалник со мрежна работа содржат делови што спроведуваат струја.
Ако е оштетен кабелот за струја, мора да го замени стручно лице.
• Не поправајте ги Geberit чешмите за мијалник самостојно.
• Не вршете промени или дополнителни инсталации на производот.
• Поправките смее да се извршуваат од специјалист со користење оригинални резервни
делови и додатоци.
81064795304430731 © 02-2022
970.664.00.0(01)
MK
253