Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Всисување Прав Со Gde 16 Plus (Опрема) (Види Слика I) - Bosch Professional GBH 3-28 DRE Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing

Inhoudsopgave

Advertenties

172 | Македонски
Всисување прав со GDE 16 Plus (опрема)
(види слика I)
За системот за всисување прав потребно е
GDE 16 Plus (22).
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (9)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (8) и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи (9) во саканата позиција
додека не слушнете дека се вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање
на удари/вртежи (9)не се вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење
(13) може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (13) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
1 609 92A 9A6 | (06.12.2024)
– Десен тек: притиснете го прекинувачот за правец
на вртење (13) надесно до крај.
– Лев тек: притиснете го прекинувачот за правец на
вртење (13) налево до крај.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (7).
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 36 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (9) во позиција „Vario-Lock".
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (9) во позиција „Длетување". Со тоа, прифатот
за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на
десен тек.
Совети при работењето
Подесување на длабочината на дупчење (види слика
J)
Со граничникот за длабочина (11) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (10) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (12).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (11)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS plus (3). Инаку, доколку
SDS plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
u
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
Bosch Power Tools

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Professional gbh 3-28 dfrProfessional gbh 3000

Inhoudsopgave