Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Bosch Professional GBH 3-28 DRE Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 170

Inhoudsopgave

Advertenties

170 | Македонски
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка
Користете го Вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (12).
Осигурајте се дека дополнителната рачка е
u
секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на
работата може да ја изгубите контролата врз вашиот
електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (12) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (12)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (12) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(12) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребни ви се SDS plus-
алати, кои се вметнуваат во SDS plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување, се користат алати без
SDS plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна ви е брзозатезната глава за дупчење
одн. запчеста глава за дупчење.
Напомена: Запчестата глава за дупчење користете ја
само во режимот на работа Дупчење без удари.
SDS plus-заменливата глава за дупчење (2) може лесно
да се замени со брзозатегнувачката заменлива глава за
дупчење (1).
1 609 92A 9A6 | (06.12.2024)
Менување на главата за дупчење
Вметнување/вадење на запчестата глава
GBH 3-28 DRE
За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или
брзозатегнувачка глава за дупчење).
Монтирање запчеста глава за дупчење (види слика B)
– Завртете го SDS plus-вратилото за прифат (17) во
запчестата глава за дупчење (16). Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење (16) со безбедносната
завртка (15). Внимавајте сигурносната завртка да
има лев навој.
Вметнување запчеста глава за дупчење
(види слика B)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат
ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека
самата не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата
глава за дупчење.
Вадење на запчестата глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење (16).
Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење
GBH 3-28 DFR, GBH 3000
Вадење на заменливата глава за дупчење (види
слика C)
– Извлечете го наназад прстенот за заклучување на
заменливата глава за дупчење (6) држете го цврсто во
оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS plus-
заменливата глава за дупчење (2) одн.
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
– Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава
за дупчење од нечистотија.
Вметнување на заменливата глава за дупчење (види
слика D)
Користете само оригинална опрема во зависност од
u
моделот и притоа внимавајте на бројот на отвори за
подесување (19). Дозволени се само заменливи
глави за дупчење со два или три отвори за
подесување. Доколку за овој електричен алат не се
користи соодветната заменлива глава за дупчење,
алатот за вметнување може да испадне за време на
работата.
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја
ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
– Фатете ја SDS plus-заменливата глава за дупчење (2)
одн. брзозатегнувачката заменлива глава за
дупчење (1) со целата рака. Вметнете ја заменливата
глава за дупчење со вртење во прифатот за главата за
дупчење (18), додека не слушнете дека е вклопена.
Bosch Power Tools

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Professional gbh 3-28 dfrProfessional gbh 3000

Inhoudsopgave