208 | Srpski
Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се
цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот.
Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш
оштетените или изабените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.
Не го модификувајте уредот.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата
следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во
уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на
дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата
изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлодирани цртежи и
информации за резервни делови може да се најдат и на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат
на:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на
барањата во Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
F 016 L94 807 | (25.09.2024)
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на
истите од страна на трети лица воздушен транспорт или
шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните
напомени за пакување и означување со етикети. Во таков
случај, при подготовката на пратката мора да се повика
експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Депонирање отпад
Електричните уреди, батериите, опремата и
амбалажите треба да се сортираат и
рециклираат на еколошки начин за повторна
употреба.
Не фрлајте ги уредите и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU
електричните апарати што се вон употреба и дефектните
или искористените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и
електронска опрема може да има штетни ефекти врз
животната средина и здравјето на луѓето поради можното
присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонска:
Прочитајте ги упатствата во поглавието (види
„Транспорт", Страница 208).
Srpski
Sigurnosne napomene
Objašnjenja simbola
Opšta napomena o opasnosti.
Pročitajte uputstvo za upotrebu.
Bosch Power Tools