Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Пред секоја употреба, проверете дали затезната
u
чаура (1) и затезната навртка (2) имаат видливо
оштетување.
Вклучување/исклучување
GGS 30 LS/GGS 30 S
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (5)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад
надолу и потоа отпуштете го.
Вклучување/исклучување
GGS 30 LPS
За ставање во употреба на електричниот алат,
притиснете ја најпрво блокадата при вклучување (12)
наназад и на крај притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (11) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (11).
Bosch Power Tools
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Одредување на број на вртежи
Со копчето за подесување на бројот на вртежи (6)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на користењето на алатот.
Потребниот број на вртежи зависи од материјалот којшто
треба да се обработи и дијаметарот на алатот што се
вметнува. Придржувајте се кон максимално дозволениот
број на вртежи на алатот за вметнување.
GGS 30 LS/GGS 30 LPS
При максимална брзина, максималниот дозволен
дијаметар на додатокот е 40 mm.
GGS 30 S
При максимална брзина, максималниот дозволен
дијаметар на додатокот е 45 mm.
Ако користите додатоци со дијаметар од 50 mm,
внимавајте брзината да не надминува 30000 min
Позиција на копчето за
Број на вртежи во празен
подесување
од (min
1
7000
2
9500
3
15000
4
19000
5
25000
6
33000
Исклучување при повратен удар
При ненадејна пречка на електричниот алат,
на пр. блокирање на резот при глодање,
доводот на струја до моторот електронски ќе
се прекине.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5)/(11) во исклучена
позиција и одново вклучете го електричниот алат.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5)/(11) во исклучена
позиција и одново вклучете го електричниот алат.
Напомена: при брзо исклучување и вклучување може да
се активира заштитата од рестартирање и електричниот
алат да не стартува со работа и покрај активираниот
прекинувач за вклучување/исклучување (5)/(11).
Прекинувачот за вклучување/исклучување (5)/(11)
ставете го во исклучена позиција и одново вклучете го
електричниот алат.
Македонски | 175
–1
.
–1
)
1 609 92A A6Z | (27.11.2024)