ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако удрите во некој
предмет, сопрете го моторот. Извадете го кабелот од
свеќичката, темелно проверете ја косилката да не е
оштетена и поправете ја штетата пред повторно да ја
стартувате и да работите со косилката. Прекумерни
вибрации на косилката за време на работата се
показател на оштетување. Уредот треба веднаш да се
испита и да се поправи.
7-7 СОБИРАЧ НА ТРЕВА
На врвот од собирачот на трева, поставен е индикатор
за ниво кој покажува дали собирачот е празен или
полн (Сл. 32, Сл. 33):
- Индикаторот за ниво се надувува ако собирачот не
е полн за време на движењето. (Сл. 33)
- Ако собирачот е полн, индикаторот се спушта.
Штом се случи тоа, веднаш запрете со движење и
испразнете го собирачот, и осигурете се дека е чист
и проветрен. (Сл. 32)
ВАЖНО
Ако положбата на отворот на индикаторот е многу
валкана, индикаторот нема да се надуе. Во овој
случај, веднаш исчистете ја положбата на отворот на
индикаторот.
7-8 ГЛАВА
Долната страна на главата за косење треба да се
исчисти по секоја употреба за да не се насоберат
парчиња трева, лисја, земја или други отпадоци. Ако
отпадоците се остават да се насобираат, може да
дојде до 'рѓосување и корозија и да не може правилно
да се малчира. Главата може да се чисти со
навалување на косилката и гребење со соодветна
алатка (осигурете се кабелот на свеќичката да е
откачен).
7-9 УПАТСТВА ЗА МЕСТЕЊЕ НА
ВИСИНАТА
ВНИМАНИЕ: Никогаш не вршете
прилагодувања на косилката ако претходно не сте го
сопреле моторот и не сте го откачиле кабелот на
свеќичката.
ВНИМАНИЕ: Пред да ја менувате висината за
косење, сопрете ја косилката и откачете го кабелот за
свеќичката.
Вашата косилка е опремена со рачка за централно
прилагодување на висината што има 8 положби.
Висината (од сечилото до земјата) може да се
прилагоди од 20 мм до 75 мм (8 положби за висина).
(Сл. 34)
Најниско прилагодување: 20 мм (положба 1),
највисоко прилагодување: 75 мм (положба 8).
1. Сопрете ја косилката и откачете го кабелот за
свеќичката пред да ја менувате висината за
косење на косилката.
2. Рачката за централно прилагодување на висината
има 8 положби за висината. (Сл. 34)
За да ја смените висината на косењето, притиснете ја
рачката за местење кон тркалото, движејќи ја нагоре
или надолу до избраната висина.
8. УПАТСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СВЕЌИЧКА
Користете само оригинална свеќичка за замена. За
најдобри резултати, заменувајте ја свеќичката на
секои 100 часа употреба.
9. УПАТСТВА ЗА
ПОДМАЧКУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: ОТКАЧЕТЕ ГО КАБЕЛОТ ЗА
СВЕЌИЧКАТА ПРЕД СЕРВИСИРАЊЕ.
1. ТРКАЛА - Подмачкувајте ги лежиштата на секое
тркало со лесно масло барем еднаш во сезона.
2. МОТОР - Постапувајте според упатствата за
подмачкување од прирачникот за моторот.
10. ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: Не чистете го моторот со црево.
Водата може да го оштети моторот или да го загади
системот за гориво.
1. Бришете ја главата со сува крпа.
2. Чистете со црево под главата навалувајќи ја
косилката така што свеќичката ќе биде горе.
10-1 ПРЕЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХОТ НА
МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Не дозволувајте земја или
прашина да го затнат сунѓерестиот елемент на
филтерот за воздух. Елементот на пречистувачот за
воздух на моторот треба да се сервисира (чисти) по
25 часа нормално косење. Сунѓерестиот елемент
мора да се сервисира редовно ако косилката се
користи во суви правливи услови.
ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
1. Извадете ја завртката. (Сл. 35 за PM-4602 S3 и
PM-5102 S3)
2. Извадете го тркалцето за блокирање. (Сл. 36 за
PM-462 и PM-4602 S)
3. Извадете го капакот на филтерот.
4. Измијте го елементот на филтерот во сапуница.
НЕ КОРИСТЕТЕ БЕНЗИН!
5. Исушете го елементот на филтерот на воздух.
6. Ставете неколку капки масло SAE30 на
сунѓерестиот филтер и притиснете благо за да се
отстрани вишокот масло.
7. Вратете го филтерот на место.
НАПОМЕНА: Заменете го филтерот ако е искрзан,
искинат, оштетен или не може да се исчисти.
267