Download Print deze pagina

Dolmar PM-462 Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 265

Grasmaaier met benzinemotor
Verberg thumbnails Zie ook voor PM-462:

Advertenties

5-5 ВИСИНА НА КОСЕЊЕТО
Повлечете за да ја одглавите рачката од комплетот.
Поместете ја рачката нанапред или наназад за да ја
наместите висината. (Сл. 16 и видете услов 7-9)
6. ФУНКЦИЈА
Овие косилки може да ја заменат функцијата, врз
основа на намената:
Од косилка со задно исфрлање во:
1. Косилка со малчирање или како
2. Косилка со странично исфрлање.
Што е малчирање?
При малчирање, тревата се коси во првиот работен
чекор, потоа се ситни и се враќа на тревникот како
природно ѓубриво.
Совети за косење со малчирање:
- Вообичаено косење од најмногу 2 цм на 6 цм до
4 цм висина на тревата.
- Користете остар нож.
- Не косете мокра трева.
- Поставете максимална брзина на моторот.
- Движете се само полека.
- Редовно чистете ги клинот за малчирање,
внатрешната страна на куќиштето и сечилото за
косење.
Почеток на работата
6-1 Преправање во косилка за
малчирање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Само со сопрен мотор и
секач во мирување.
1. Кренете го задниот капак и извадете го собирачот
на трева.
2. Притиснете го клинот за малчирање во главата.
Заглавете го клинот за малчирање со копчето во
отворот на главата. (Сл. 17, Сл. 18)
3. Спуштете го задниот капак. (Сл. 19)
4. Кренете го страничниот поклопец и извадете го
каналот за странично исфрлање.
6-2 Преправање за косење со
странично исфрлање
Само кога моторот и сечилото се во
мирување!
1. Кренете го задниот капак и извадете го собирачот
на трева.
2. Монтирајте го клинот за малчирање.
3. Подигнете го страничниот поклопец за странично
исфрлање. (Сл. 20)
4. Монтирајте го каналот за странично исфрлање на
држачот на страничниот поклопец. (Сл. 21)
5. Спуштете го страничниот поклопец - поклопецот
лежи врз каналот за странично исфрлање. (Сл. 22)
6-3 Косење со собирачот на трева
Само со сопрен мотор и секач во
мирување.
За косење со собирачот на трева, извадете ги клинот
за малчирање и каналот за странично исфрлање и
монтирајте го собирачот на трева.
1. Вадење на клинот за малчирање.
- Кренете го задниот капак и извадете го клинот за
малчирање.
2. Вадење на каналот за странично исфрлање.
- Кренете го страничниот поклопец и извадете го
каналот за странично исфрлање.
- Страничниот поклопец автоматски го затвора
отворот за исфрлање на куќиштето со пружина.
- Редовно чистете ги страничниот поклопец и
отворот за исфрлање од преостанатата трева и
земја.
3. Монтирајте го собирачот на трева.
- За да го монтирате: Кренете го задниот капак и
закачете го собирачот на трева од задната
страна на косилката.
- За да го извадите: фатете го и кренете го
задниот капак, извадете го собирачот на трева.
7. УПАТСТВА ЗА РАКУВАЊЕ
7-1 ПРЕД СТАРТУВАЊЕ
Наполнете го моторот со бензин и масло како што е
наведено во посебниот прирачник за моторот
спакуван со косилката. Прочитајте ги упатствата
внимателно. (Сл. 23, Сл. 24, Сл. 25, Сл. 26)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Бензинот е многу
запалив.
Чувајте го горивото во садови специјално
конструирани за таа намена.
Полнете гориво само надвор, пред да го палите
моторот и не пушете додека полните гориво или
ракувате со него.
Не вадете го капачето на резервоарот и не
дополнувајте бензин додека моторот работи или
додека моторот е жежок.
Ако се истури бензин, не обидувајте се да го запалите
моторот, туку тргнете ја машината подалеку од
подрачјето на истурањето и обидете се да не
создадете извор на палење додека не се развее
пареата од бензинот.
Затворете ги капачињата на резервоарот и на садот
цврсто.
Пред да ја навалите косилката за одржување на
сечилото или за празнење на маслото, испразнете го
резервоарот од гориво.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не полнете го
резервоарот во затворена просторија, со вклучен
мотор или додека моторот не се изладил барем 15
минути по работата.
265

Advertenties

loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Pm-4602 sPm-4602 s3Pm-5102 s3