Откачување на каблите
слика 3: Откачување на каблите
b Полнењето на високонапонската батерија
е завршено и приклучокот на возилото е
изваден од отворот за полнење на возилото.
b Приклучокот е откачен од електричната
приклучница.
1. Отстранете ја завртката C со соодветен алат.
2. Кренете ја рачката A.
3. Влечете го приклучокот B додека не
почувствувате првичен отпор.
4. Затворете ја рачката A.
5. Целосно извлечете го приклучокот B.
Обезбедување на каблите
слика 4: Обезбедување на каблите и на приклучоците
b Рачката A е затворена.
1. Вметнувајте го приклучокот B во контролната
единица додека не почувствувате првичен
отпор.
2. Кренете ја рачката A.
3. Целосно турнете го приклучокот B внатре.
4. Затворете ја рачката A.
5. Прицврстете го приклучокот B на контролната
единица со помош на завртката C.
Контролна единица
Контролна единица
слика 5: Контролна единица
A
Копче за напојување
B
Статус на LED-диоди
C
Дисплеј
Полначот може да се вклучува и исклучува
со копчето за напојување A
.
LED-диодите за статус B
го покажуваат
статусот на полначот.
Комуникацијата со полначот се прикажува на
дисплејот C во форма на информации и пораки
за грешка.
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
491