Download Print deze pagina

AEG X91484MG1 Gebruiksaanwijzing pagina 169

Verberg thumbnails Zie ook voor X91484MG1:

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 20
Најмалото растојание помеѓу плочата
од шпоретот за садовите за готвење
и долниот раб на аспираторот да не
биде помало од 70cm за електричните
апарати за готвење и 80cm за гасните
или комбинираните апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските
плочи од шпоретот прецизираат
поголемо растојание, морате да се
придржувате до тоа.
Предупредување! Монтирањето
и приклучувањето на аспираторот
на електричната мрежа треба да
го извршува исклучиво овластен
персонал.
Забелешка: Аспираторот има функција
за безжично поврзување со плочата за
готвење за автоматско регулирање на
најсоодветната брзина. Погледнете го
упатството за употреба на плочата за
готвење за да го проверите присуството
и компатибилноста на оваа функција.
При првото поврзување на електричната
мрежа или при ненадеен прекин на
електричната енергија почекајте 1
минута за да може аспираторот повторно
да ја воспостави врската со плочата за
готвење.
4. ОДРЖУВАЊЕ
Предупредување! Пред
билокаква операција за чистење
или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната мрежа
со вадење на струјниот приклучник
или со исклучување на домашниот
мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти
(најмалку со истата фреквенција со која
се врши одржувањето на филтерите за
масти) како од внатрешноста така и од
надворешноста. За чистењето користете
крпа навлажнета со течни неутрални
детергенти. Да не користите производи
кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ
АЛКОХОЛ! Предупредување! Ако
не се следат упатствата во однос
на чистењето на аспираторот и
замената на филтрите ќе доведе до
ризик од пожари. Се препорачува
до придржување на предложените
упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност
за евентуални оштетувања на моторот
или пожар предизвикан како резултат на
неправилно одржување или неследење
на наведените упатствата.
4.1 Филтер за масти
Треба да се чисти еднаш во месецот
(или кога системот за покажување
на заситеноста на филтрите – ако е
предвиден со моделот што го имате- ја
покажува оваа потреба), со неагресивни
детергенти, рачно или во машина за
миење садови на ниска температура и во
краток циклус.
Со перењето во машина за миење на
садови металниот филтер за масти може
да ја изгуби малку бојата но неговите
карактеристики за филтрирање воопшто
не се менуваат.
МАКЕДОНСКИ
169

Advertenties

loading