192 | Македонски
По монтажата на алатот за брусење, пред
u
вклучувањето, проверете дали тој е точно
монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали алатот за брусење не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во
ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [min
брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да
одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн.
периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.
макс. [mm]
D
b
76
7
Бирање на брусни плочи/дискови за сечење
Алат за брусење
Carbide Multi
Wheel
Expert for Inox
Best for Ceramic
Best for Hard
Ceramic
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
1 609 92A 6PJ | (12.07.2021)
-1
] одн. периферната
[mm]
d
[min
-1
]
[m/s]
10
19500
80
Материјал
Дрво (со клинци),
пластика, ПВЦ,
сврзни
материјали,
акрилно стакло,
гипс, бакар
Не'рѓосувачки
челик, челик
Плочки, керамика
Плочки, тврд
порцелан, фина
керамика
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Наполнетата батерија (4) вметнете ја во рачката на
електричниот алат, додека не се вклопи и не легне рамно
на рачката.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (3)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (3) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (3) нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) наназад
надолу и потоа ослободете го.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот LED-приказ (6) Ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од
преоптоварување.
Доколку LED-приказот свети (6) непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
алат автоматски се исклучува.
– Исклучете го електричниот алат.
– Оставете ја батеријата да се олади, пред да
продолжите со работата.
Доколку LED-приказот трепка (6) црвено, електричниот
алат е блокиран и автоматски се исклучува.
Извлечете го електричниот алат од делот што се
обработува.
Штом се отстрани блокадата, електричниот алат
продолжува да работи.
Bosch Power Tools