консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
Како алат за вметнување користете само битови и
u
приклучоци отпорни на удари. Само овие алати за
вметнување се погодни за ударни одвртувачи.
Цврсто држете го електричниот апарат. При
u
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои
u
опасност од краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи на
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Алатите за вметнување може да се загреат при
u
работење! Постои опасност од изгореници при
замена на алатот за вметнување. Користете
заштитни ракавици, за да го извадите алатот за
вметнување.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Bosch Power Tools
Ознаки и нивно значење
Зачувувањето на податоците е
активирано во алатот за вметнување.
Вмрежен електричен алат со
интегрирана NFC-технологија
Ознаката N е заштитен знак или
регистриран заштитен знак на
NFC Forum, Inc. во САД и други земји.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за навртување и
олабавување на завртки, како и за затегнување и
олабавување на навртки во дадените граници на
димензии.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1)
Прифат на алатот
(2)
Гумен прстен (држач за алат)
(3)
Држач за механизам за фиксирање
(4)
Прекинувач за менување на правецот на вртење
(5)
Навој за држач за појас
a)
(6)
Батерија
(7)
Копче за отклучување на батерија
(8)
Кориснички интерфејс
(9)
Позиција на интегрираната NFC-антена
(10) Прекинувач за вклучување/исклучување
(11) Работно светло
(12) Рачка (изолирана површина на рачката)
(13) Алат за вметнување (на пр. клуч за втиснување)
(14) Приказот за статусот на завртување
Македонски | 231
a)
a)
1 609 92A 9DB | (13.08.2024)