Да почнеме
•
Внимавајте да не го изгребете уредот или да не се
повредите кога ја користите игличката за вадење.
•
Чувајте ја игличката за вадење подалеку од дофат на
деца за да спречите случајно голтање или повреда.
•
Не користете исечени или изменети SIM-картички или
NM-картички (нано мемориски картички) со уредот
затоа што може да не бидат препознаени и да го
оштетат лежиштето (отворот) за картичка.
•
Ако SIM-картичката не одговара на уредот,
контактирајте со операторот.
Следете ги упатствата на следните слики за да го поставите
уредот. Користете ја приложената игличка за вадење.
Уверете се дека картичката е правилно порамнета и дека
лежиштето за картичка е рамно кога го ставате во уредот.
Управување со две SIM-
картички
Вашиот уред поддржува две SIM-картички со двојна опција за
мирување. Изберете ја стандардната картичка за мобилни
податоци и стандардната картичка за повици. За подетални
информации, погледнете ја претходно инсталираната
апликација Совети.
•
Услугата за 4G и 5G зависи од поддршката на вашиот
мрежен оператор и достапноста на релевантни услуги.
Контактирајте со операторот за да ја активирате услугата
за 4G и 5G.
•
Ако имате ставено две SIM-картички, само стандардната
картичка за мобилни податоци може да поддржува
услуга за 5G.
•
Услугата за 4G и 5G може да не е достапна во одредени
области поради мрежна интерференција.
•
Ако ова упатство не е доследно со описот на
официјалната веб-локација, предност ќе има
официјалната веб-локација.
150