Download Print deze pagina

TESY GCV6S Instructies Voor Gebruik En Onderhoud pagina 154

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 165
По поврзување на бојлерот за електричната мрежа, мора да се води
MK
грижа да се поврзе безбедносната жица.
Ако постои веројатност температурата на просторијата да падне под
0°C, бојлерот мора да се испразни (следете ја процедурата назначена
во поглавје V, дел 2 ''Водоводно поврзување на бојлерот").
При работа – режим на загревање – вообичаени се капки вода низ
отворот за одвод на заштитниот вентил.
Заштитниот вентил треба да биде отворен на атмосферата. Потребно
е да се преземат мерки и да се собере истечената вода за да се спречи
штета, осигурувајќи се дека ова е во согласност со барањата опишани
во дел 2, параграф V.
Вентилот и елементите кои се поврзани за него мора да бидат
заштитени од замрзнување.
При загревање, уредот може да предизвика бучава во вид на
шиштење (вода која врие). Ова е нормално и не покажува штета.
Бучавата се зголемува со тек на време и причината за неа се
остатоците од бигор. За да ја отстраните бучавата, уредот треба да се
исчисти од бигор. Овој вид на чистење не е покриен со гаранцијата.
Со цел да се осигура безбедна работа на бојлерот, безбедносниот
вентил мора редовно да се чисти и проверува дали функционира
нормално/вентилот не смее да биде попречен/, и за региони со многу
тврда вода треба да се чисти од насобраниот бигор. Оваа услуга не е
покриена со гаранцијата.
Сите промени и модификации на конструкцијата и електричните кола
на бојлерот се забранети. Ако се установат промени и модификации
при проверка, гаранцијата на уредот станува неважечка и се
поништува. Промени и модификации се сите слчаи на отстранување на
елементи вградени од страна на производителот, додавање на
дополнителни компоненти на бојлерот, замена на елементи со слични
елементи кои не се одобрени од производителот.
Овие инструкции важат за бојлери опремени со разменувач на
топлина.
Ако кабелот за напојување (кај модели кои имаат таков кабел) се
оштети, мора да се замени од претставник на сервисот или лице со
слична квалификација, со цел да се избегне било каков ризик.
Овој уред може да се употребува од деца постари од 8 години и
лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или
недостиг на знаење и искуство ако се надгледуваат или насочуваат
во врска со употребата на уредот на безбеден начин и гиразбираат
вклучените опасности.
Децата не смеат да си играат со уредот.
Чистињето и одржувањето не смеат да го изведуваат деца без
надзор.
154
Упатство за употреба и одржување

Advertenties

loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Gcv9sGcv11soGcv7/4s