150 | Македонски
Обликување и глодање на рабови (види слика H)
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
За обликување и глодање на рабови важат следните
максимални димензии на делот што се обработува:
Материјал
Цврсто дрво
Меко дрво
Пластика
Лесонит со средна густина
Мултиплекс плочи
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
u
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
По употребата исчистете го електричниот алат со
всисувач, четка или метличка. Бидете сигурни дека на
водечките столбови нема прашина. Подмачкајте ги
мазните водечки столбови (19) со капки средство за
подмачкување (види слика I).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлодирани цртежи и
информации за резервни делови може да се најдат и на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1 609 92A A2N | (12.08.2024)
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат
на:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Радиус
Фаза
Транспорт
mm
mm
Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на
10
6
барањата во Законот за опасни материјали. Батериите
12
10
може да се транспортираат само од страна на
12
10
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
12
10
При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на
10
6
истите од страна на трети лица воздушен транспорт или
шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните
напомени за пакување и означување со етикети. Во таков
случај, при подготовката на пратката мора да се повика
експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеќе не се употребливи и
неисправни или користени акумулаторски батерии/
батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги
предвидените системи за собирање.
Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и
електронска опрема може да има штетни ефекти врз
животната средина и здравјето на луѓето поради можното
присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 150).
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Bosch Power Tools