Download Print deze pagina

Bosch Professional GKF 12V-8 Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 149

Advertenties

Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се
специјално наменети за цврсти и абразивни материјали
како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
Извлечете го лостот за фиксирање на вретено (7) до
стрелката за означување (6) на куќиштето. Доколку е
потребно, свртете го вретеното на моторот, додека не се
фиксира. Притоа можни се променети позиции на 60°.
Одвртете ја навртката за осигурување (9) во правец
спротивен на стрелките на часовникот со вилушкаст
клуч (18).
Ставете го алатот за глодање во затезната чаура.
Вратилото на глодалката мора да биде вметнато
најмалку 20 mm во затезната чаура.
Повторно затегнете ја навртката за осигурување во
правец на стрелките од часовникот.
Вметнете го лостот за фиксирање на вретено (7) назад во
куќиштето.
Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура
u
со навртка за осигурување, доколку не е монтирана
глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се
оштети.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Подесување на длабочината на глодање
(види слики D–E)
Подесувањето на длабочината на глодање смее да
u
се врши само доколку електричниот алат е
исклучен.
Bosch Power Tools
Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на
делот што се обработува.
Свртете го тркалцето за блокирање (14) за отприлика
половина свртување во правец обратен на стрелките на
часовникот, за да се одблокира поместувањето на
длабочините на глодање.
Притиснете го копчето (8) на грубото подесување на
длабочините на глодање и држете го притиснато.
Движете ја погонската единица нагоре одн. надолу и
грубо подесете ја саканата длабочина на глодање.
Отпуштете го копчето (8).
Со тркалцето за подесување (10) подесете ја точната
длабочина на глодање. Свртување на тркалцето за
подесување ја менува длабочината на глодање за 1 mm.
Блокирајте го поместувањето на длабочините на
глодање, со свртување на тркалцето за блокирање (14)
за отприлика половина свртување во правец на
стрелките на часовникот.
Проверете ја подесената длабочина на глодање со
практичен обид и доколку е потребно коригирајте ја.
Доколку трајно се осигура длабочината на глодање,
можете безбедносната завртка (11) да ја навртите во
тркалцето за подесување (10) на финото подесување на
длабочини на глодање.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави I.
За исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нагоре,
така што на прекинувачот ќе се појави 0.
Совети при работењето
Заштитете ги алатите за глодање од удари.
u
Правец и процес на глодање ((види слики F–G)
Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
u
спроти правецот на ротација на глодалката (17)
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот алат може да ви избега од
раката.
Напомена: Земете во предвид дека глодалката (17)
секогаш е издадена над основната плоча (12). Не го
оштетувајте шаблонот или делот што се обработува.
Поставете ја саканата длабочина на глодање.
Вклучете го електричниот алат и водете го по местото што
треба да се обработи.
Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
По глодањето исклучете го електричниот алат.
Не го оставајте електричниот алат на страна,
u
додека глодалката не дојде во состојба на
мирување. Електричните алати кои не се во состојба
на мирување може да предизвикаат повреди.
Македонски | 149
1 609 92A A2N | (12.08.2024)

Advertenties

loading