ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ
За прецизно работење, важно е целиот прибор да биде
во добра рамнотежа (исто како кај пневматиците на
Вашиот автомобил). За дотерување или балансирање
на приборот, полека олабавете ја навртката на стезната
чаура и завртете го приборот или стезната чаура за
1/4. Повторно стегнете ја навртката на стезната чаура и
вклучете го ротациониот алат.
Врз основа на звукот и осетот, треба да сте во состојба
да кажете дали Вашиот прибор работи избалансирано.
Продолжете со ваквото дотерување сè додека не го
постигнете најдобриот баланс.
ДОДАТОЦИ
Алатот „Dremel" доаѓа со следните додатоци кои
овозможуваат повеќенаменско користење:
•
Флексибилна оска *) за прецизно и детално
работење или работење на тешко достапни места
(225 - стр. 7-8)
•
Штитник за заштита од прав и искри (550 - стр. 9)
•
Повеќенаменски комплет за сечење за
контролирано сечење разновидни материјали
(565/566 - стр. 10)
•
Комплет за вадење фуга меѓу ѕидни и подни плочки
(568 - стр. 11)
•
Правоаголен додаток за користење на додатоците
под прав агол на тешко достапни места (575 - стр. 12)
•
Платформа за обликување за шмирглање и брусење
под совршен агол од 90° и 45° (576 - стр. 13)
•
Рачка за прецизно работење за уште подобра
контрола над алатот (577 - стр. 13)
•
Острилка за косилки за трева и градинарски алатки
за лесно и брзо острење под оптимален агол (675 -
стр. 14)
•
Додатокот за праволиниско и кружно сечење
овозможува сечење на совршени кружни отвори и
праволиниски резови (678 - стр. 15)
•
Вретено „EZ SpeedClic" за монтирање додатоци
„EZ SpeedClic" (page 16)
*) Доколку за првпат користите нова флексибилна
осовина, држете ја во вертикална положба две
минути на најголема брзина на алатот
НАПОМЕНА: Само дел од додатоците кои се
наведени погоре доаѓаат како стандардна опрема на
алатите/комплетите
КОРИСТЕЊЕ
ПОЧЕТОК
Првиот чекор во користењето на мултифункцоналниот
алат е да го „почувствувате" в рака. Земете го в рака и
проценете ја неговата тежина и баланс. Почувствувајте
го конусот на куќиштето. Овој облик овозможува алатот
да го држите како пенкало или молив.
ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од
материјалот за да видите како работи алатот
при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот
мултифункционален алат најдобро ќе работи при
дозволена брзина, во комбинација со исправниот
Dremel прибор и приклучоци. Ако е можно, немојте
да го притискате алатот за време на користењето.
Наместо тоа, полека спуштете го ротациониот прибор
на работната површина на местото на което сакате да
почнете со работа. Концентрирајте се на тоа алатот
да го водите по работното парче користејќи многу мал
притисок со раката. Дозволете му на приборот да си ја
изврши својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со алатот
во повеќе фази, отколку да ја завршите целата работа
со едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува
најдобра контрола и ја смалува можноста од правење
грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Алатот секогаш држете го свртен настрана од
Вашето лице. Приборот може да се оштети за време
на ракувањето и може да се распадне на парчиња
при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката да ги
покривате отворите за вентилација. Блокирањето
на отворите за вентилација може да предизвика
прегревање на моторот.
За најдобра контрола кај деталните работи држете го
мултифункционалниот алат во раката како пенкало
помеѓу палецот и показалецот.
Методата на држење дршка за „голф" се користи за
потешки операции, какви што се брусење или сечење.
ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)
Алатот се вклучува („ON") со помош на лизгачки
прекинувач кој се наоѓа на горната страна од куќиштето
на моторот.
ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („ON"), лизнете го
копчето нанапред.
ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („OFF"), лизнете го
копчето наназад.
ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ
Вашиот алат е опремен со интерен електронски систем
за надгледување кој овозможува „мек старт", кој ги
намалува ударите што се случуваат поради стартот со
висок вртежен момент. Системот исто така помага да
се максимизира учинокот на моторот и на батеријата со
смалување на напонот според алатот, кога ќе дојде до
блокада (види го делот „Заштита од блокада"). Моторот
и патронот со батеријата се штитат со смалување на
напонот според моторот во овие ситуации.
ЛИЗГАЧКИ ПРЕКИНУВАЧ ЗА ПРОМЕНА НА БРЗИНАТА
Вашиот алат е опремен со лизгачки прекинувач за
менување на брзината. Брзината може да се подесува
во текот на работењето, со лизгање на прекинувачот
напред или назад помеѓу некоја од поставките.
За да ја изберете соодветната брзина за секој вид
работа, користете парче од материјалот за вежбање.
РАБОТНИ БРЗИНИ
Погледнете ја табелата на стр. 17-18 за да ја одредите
соодветната брзина за материјалот на кој ќе работите и
додатокот што ќе го користите.
Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога
користите жичени четки.
Повеќето операции можат да се извршат ако алатот
го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни
материјали (некои видови пластика и метали) можат
да се оштетат бидејќи високата брзина се ослободува
топлина, и мораат да се обработуваат со релативно
мали брзини. Работењето со мали брзини (15.000 врт./
мин. или помалку) обично е најдобро за полирање
со прибор за полирање со филц. Сите работи на
четкање вршете ги со помали брзини за да го спречите
испаѓање на парчиња жица од лежиштето на четката.
Дозволете му на алатот да ја завршат работата за Вас
кога користите помала брзина. Повисоките брзини се
посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло, како и за
дупчење, резбање, сечење, гравирање и врежување
жлебови во дрво.
200
A a
A d
A s