пократко време доколку патронот со батеријата не
бил сосема испразнет.
5. Кога ќе почнете со полнењето на патронот со
батеријата, постојано зеленото светло може исто
така да значи и дека патронот со батеријата е
премногу жежок или премногу ладен. Брзото полнење
е возможно само кога температурниот опсег на
батеријата е меѓу 0°C and 45°C. Штом патронот со
батеријата ќе го достигне исправниот температурен
опсег, полначот на батеријата автоматски ќе се
префрли на брзо полнење.
6. Патронот со батеријата може да се користи иако
светлото можеби сè уште трепка. На светлото
можеби ќе му треба повеќе време да престане да
трепка, зависно од температурата.
7. Значителното смалување на работното време по
едно полнење може да значи дека работниот век
на батеријата е при крај и дека батеријата треба да
се замени.
8. Немојте да заборавите да го исклучите полначот
додека е складиран.
ПРИБОР
СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО АЛАТОТ ПРЕД ДА
МЕНУВАТЕ ДОДАТОЦИ
Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е
високо продуктивен. Погрижете се да ги прочитате
упатствата што Ви се приложени со Вашиот Dremel
прибор за натамошни информации во врска со
неговата употреба. Внимателно ракувајте и чувајте
го приборот за да не дојде до поткршување и
пукање.
МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
A. Навртка на стезната чаура
B. Чаура за стегање (3.2 mm)
C. Капаче за врвот (интегриран клуч EZ Twist*)
D. Глава за стегање Dremel 4486*
E. Копче за заклучување на осовината
F. Клуч
*) не е стандардно вклучено
1. Притиснете го копчето за блокирање на осовината
и вртете ја осовината со рака додека копчето не
ја блокира осовината. Да не се забравува оската
додека алатот работи.
2. Со забравена оска, олабавете ја (но не вадете ја)
навртката на чаурата за стегање. Ако е потребно,
употребете клуч за стезната чаура.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од
приборот во стезната чаура.
4. Со забравена оска, затегнете ја навртката на
чаурата за стегање.
ИНТЕГРИРАН КЛУЧ EZ TWIST
Капчето за врвот има интегриран клуч кој ви
овозможува да ја олабавувате и стегате чаурата за
стегање без да го користите стандардниот клуч за
чаурата за стегање.
1. Одвртете го капчето од алатката, израмнете го
челичниот додаток од внатрешната страна на
капчето со помош на навртката на стезната чаура.
2. Со притиснато копче за блокирање, вртете го
капчето спротивно од правецот на вртење на
стрелките на часовникот додека ја олабавите
навртката на стезната чаура. Да не се забравува
оската додека алатот работи.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од
приборот во стезната чаура.
9
A q
4. Со притиснато копче за блокирање, вртете го
капчето во правецот на вртење на стрелките на
часовникот додека ја стегнете навртката на стезната
чаура.
5. Зашрафете го капчето повторно во неговата
првобитна положба.
ГЛАВА ЗА СТЕГАЊЕ DREMEL 4486
Главата за стегање Dremel ви овозможува брзо и лесно
да ги менувате додатоците на алатите Dremel без да
ги менувате чаурите за стегање. Користи прибор со
осовина од 0,8 – 3,2 mm.
За да ја разлабавите, притиснете го копчето за
забравување на оската и вртете ја оската со рака
додека копчето не ја забрави оската. Да не се
забравува оската додека алатот работи.
Со забравена оска, користете го клучот или капачето за
врвот EZ Twist за да ја разлабавите глава за стегање и
да ги отворите стегите.
Извадете го приборот од стезната глава. Доколку е
потребно, продолжете да ја разлабавувате стезната
глава за новиот прибор да влезе во стегите. Ставете го
новиот додаток во главата за стегање доволно длабоко
така што да има околу 6 mm помеѓу крајот на главата
за стегање и почетокот на работниот дел на додатокот.
Со забравена оска, затегнете ја главата за стегање со
помош на капачето за врвот EZ Twist или клучот за да
го прицврстите додатокот.
СОВЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТЕЗНАТА ГЛАВА
DREMEL
•
Стезната глава „Dremel" и стезната чаура и
системот на завртки за стезната чаура се заменливи
делови на овој алат. Стезната глава ќе ви помогне
лесно да ги менувате приборите, а стезната чаура
и завртката за стезната чаура ќе ви овозможат
прецизно држење на место на приборот, особено
во случај кога има големо странично оптоварување
на алатот.
•
Доколку забележите дека приборот се лизга од
стезната глава, со помош на EZ Twist капчето или
клуч затегнете ја стезната глава околу бургијата.
Доколку и понатаму доаѓа до лизгање, обидете се
со стезната чаура и завртката за стезната чаура.
•
Стегите на главата за стегање може да се изместат
поради што додатокот веќе не се врти правилно и
концентрично (фрла).
За повторно да ги наместите стегите, следете ги
следните чекори:
1. Извадете го приборот од стезната глава.
2. Исчистете ја главата за стегање.
3. Притиснете на копчето за заклучување на
осовината и затегнувајте ја стезната глава сè
додека стегите не се рашират, приближно 3 mm.
4. Силно притиснете го крајот на стезната глава врз
тврда рамна површина и проверете дали стегите се
поставени аксијално.
5. Продолжете рачно да ја затегате стезната глава сè
додека стегите не се затворат целосно.
6. Разлабавете ја стезната глава и повторно ставете го
приборот сосема право.
7. Рачно вртете го алатот и внимавајте дали има
некакво фрлање. Доколку очигледно има некакво
изместување, повторете ја постапката.
8. Кога осовината е заклучена, затегнете ја
стезната глава со помош на EZ Twist капче или
клуч за приборот да се постави на место.
9. Завртете го алатот на најмала брзина и проверете
дали има некакво изместување. Доколку очигледно
има некакво изместување, проверете дали приборот
е поставен право, па повторете ја постапката.
199