ИНСТАЛАЦИЈА И КОРИСТЕЊЕ
За да го инсталирате модулот за светилката на
алатката, одвртете го капчето од крајот на алатот.
Лизнете го модулот за светилката на крајот на алатот,
при што светилката треба да е свртена нанапред.
Повторно затегнете го капчето на крајот на алатот за
прстенот на модулот за светилката да се притисне
во соодветната позиција. Модулот за осветлување
работи само со капачето за врв со нов дизајн W кое
се испорачува со алатот.
За да го вклучите или исклучите светлото
–
ставете го лизгачот во положба ON или OFF (I)
–
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (II)
За да смените положба на модулот за осветлување,
едноставно разлабавете го капачето за врвот, завртете
го модулот за осветлување во саканата положба и
повторно затегнете го капачето за врвот.
ПОЛНЕЊЕ И БАТЕРИИ
• Овој полнач може да
го употребуваат деца
на 8-годишна возраст и
поголеми, како и лица
коишто имаат физички,
сензорни или ментални
ограничувања или
недостаток од искуство
или познавање само
доколку лицето одговорно
за нивната безбедност
ги надгледува или им
дава инструкции како
безбедно да го користат
полначот, и само доколку
ги разбираат опасностите
од користењето (инаку
постои опасност за
грешки во работењето или
за повреди).
• Надгледувајте ги децата
(така ќе се осигурите
дека тие не си играат со
полначот)
•
Со оваа алатка користете само полнач DREMEL
2607226399 или 2607226153 (U.K. 2607226155 или
2607226401) и пакет батерии DREMEL 1607A350H7
или 1607A3505W
•
Не изложувајте ја алатката/полначот/батеријата на
дожд
•
Не полнете ја батеријата во услови на влага
•
Не употребувајте го полначот кога тој е оштетен.
Однесете го на безбедносна проверка кај
официјален DREMEL сервисер
•
Не го употребувајте полначот кога се оштетени
кабелот или приклучокот; треба веднаш да ги
замените кај еден од официјалните сервисери на
DREMEL
•
Не употребувајте ја батеријата кога е таа оштетена.
Треба веднаш да се замени
•
Не расклопувајте го полначот или батеријата
•
Не обидувајте се да полните батерии што не се за
повторно полнење со овој полнач
•
Дозволена амбиентална температура (алат/полнач/
батерија):
– 0...+45ºC кога се полни
– -20...+50ºC додека работи
– -20...+50ºC при складирање
ИНДИКАТОР ЗА НИВО НА НАПОЛНЕТОСТ НА
БАТЕРИЈАТА
7
3 од 3 постојано вклучени зелени светла = 67-100%
2 од 3 постојано вклучени зелени светла = 34-66%
1 од 3 постојано вклучени зелени светла = 16-33%
1 од 3 трепкачки зелени светла = 0-15%
3 светла „еднододруго" – наполнетоста на батеријата е
премала за работа на алатот -> наполнете ја батеријата
3 трепкачки зелени светла = батеријата е премногу
топла за користење -> исклучете го алатот и оставете
батеријата да се излади
Вашиот алат е опремен со напредна електроника која
ги штити ќелиите Li-Ion во батеријата од оштетување
поради преголема работна температура и/или
преглема струја. Ако светлата светат црвено и/или
алатот престане да работи во текот на поголемо
оптоварување, тоа најверојатно покажува дека ќелите
Li-Ion се речиси на максималната работна температура,
а пакетот батерии треба или да се смени или да се
остави да се излади до собна температура пред да
продолжите со користењето. Ако алатот автоматски се
исклучи поради преоптовареност, прекинувачот мора
да се исклучи неколку секунди, за да му се овозможи
на колото да се ресетира пред да се продолжи со
користењето.
ПАТРОНОТ СО БАТЕРИЈАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ
1. Приклучете го кабелот на полначот во Вашиот
нормален штекер. Без да ја ставате батеријата, ќе
се запали („ОN") зелената светилка на полначот.
Oва покажува дека полначот добива струја и е
подготвен за работа.
2. За да го извадите патронот со батеријата од алатот,
притиснете ги јазичињата и извадете ја батеријата
од алатот.
3. Кога ќе го вметнете патронот со батеријата во
полначот, зеленото светло на полначот ќе почне да
„ТРЕПКА". Ова покажува дека батеријата добива
брзо полнење.
4. Кога светлото на индикаторот ќе престане да
„ТРЕПКА" (и ќе остане постојано зелено светло),
брзото полнење е завршено. Патронот со
батеријата е целосно наполнет и може да се извади
од полначот. Светлото ќе престане да трепка за
198