OBJ_BUCH-1179-006.book Page 217 Wednesday, February 1, 2017 10:13 AM
– Работење со статив: израмнете го ласерскиот зрак на
саканата висина. Пренесете ја одн. проверете ја
висината на целното место.
Работење без статив: Пронајдете ја висинската разлика
помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната
точка со помош на целната табла на ласерот 37.
Пренесете ја одн. проверете ја измерената висинска
разлика на целното место.
Преглед на приказите
Вклучување на мерниот уред (1 с. авто-тест)
Нивелирање или дополнително нивелирање
Нивелиран уред/спремен за работа
Пречекорување на полето на самонивелирање
Активирано е предупредувањето за удари
Ослободено е предупредувањето за удари
Напон на батериите за ≤2 ч работа
Празна батерија
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја постојано чистотата на ротациониот ласер,
полначот и ласерскиот приемник.
Не ги потопувајте ротациониот ласер, полначот и
ласерскиот приемник во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на
ротациониот ласер и притоа внимавајте на влакненцата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Bosch Power Tools
При мерење на големи растојанија, мерниот уред треба да
го поставувате секогаш во средината на работната
површина и да го поставите на статив, за да го намалите
влијанието на пречките.
При работење на несигурен под, монтирајте го мерниот
уред на статив 30. Внимавајте - функцијата за
предупредување за удар е активирана, за да избегнете
погрешни мерења при движење на подот или потреси на
мерниот уред.
зелено црвено зелено црвено
2x/с
2x/с
2x/с
2x/с
2x/с
Фреквенција на трепкање (два пати во секунда)
Траен режим
Функцијата е стопирана
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Ротациониот ласер, полначот, ласерскиот
приемник, батериите, опремата и амбалажите
треба да се отстранат на еколошки прифатлив
начин.
Не ги фрлајте ротациониот ласер, полначот, ласерскиот
приемник и батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните уреди што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Македонски | 217
2x/с
2x/с
1 609 92A 1XU | (1.2.17)