Минималното растојание помеѓу
површината на плочата од шпоретот
за поддршка на садовите за готвење и
долниот раб на аспираторот не смее да
биде помало од 50cm за електричните
шпорети и 65cm за комбинираните
или шпоретите на гас. Ако упатствата
за монтирање на шпоретот на гас
прецизираат поголемо растојание, тоа
треба да се земе в предвид.
4. ОДРЖУВАЊЕ
Предупредување! Пред било
каква операција на чистење
или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната
мрежа со вадење на струјниот
приклучник или со исклучување
на генералниот домашнен мрежен
прекинувач. Аспираторот треба
редовно да се чисти (најмалку со
истата зачестеност со која се врши
одржувањето на филтерите за
масти) како од внатрешната така и од
надворешната страна. За чистењето
користете крпа навлажнета со течни
неутрални детергенти. Не користете
производи кои содржат абразиви. НЕ
КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
Предупредување! Непочитувањето
на упатствата за чистење на
аспираторот и замена на филтрите
може да доведе до ризик од пожари.
Се препорачува придржување
до предложените упатства. Се
одбива било каква одговорност
за евентуални оштетувања на
моторот или пожар предизвикан како
резултат на неправилно одржување
или неследење на наведените
упатствата.
4.1 Филтер за маснотии - Филтерот
за маснотии треба да се мие еднаш
месечно со неагресивни детергенти,
рачно или во машина за миење на
садови на ниски температури и со краток
циклус. Со перењето во машина за
миење на садови филтерот за маснотии
може малку да ја изгуби бојата но
неговите карактеристики за филтрирање
остануваат непроменети.
МАКЕДОНСКИ
169