mk
Дијагностика на полначот
Полначот ќе покаже ако:
• Батеријата се прегрева Сите три сијалички за полнење ќе трепкаат Извадете ја батеријата и оставете ја да се
излади 15–30 минути, па повторно ставете ја
• Има дефект на батеријата или полначот Две сијалички за полнење ќе трепкаат Извадете ја батеријата и
оставете ја да се излади Повторно ставете ја батеријата во полначот Ако двете сијалички за полнење сè уште
трепкаат, можеби батеријата или полначот треба да се сервисираат
Како да започнете
• При отпакувањето на алатот проверете дали тој е цел, комплетен и неоштетен при транспортот Никогаш не
користете оштетен алат
• Пред употребата, проверете дали потпорната подлога е правилно поставена
• Ставете ја целосно наполнетата батерија во брусилката додека не се прицврсти со кликнување
Упатства за ракување
• Алатот е наменет за употреба како рачен алат Алатот може да се користи во секаква положба
• Изберете соодветна брусна хартија и прицврстете ја за потпорната подлога Проверете дали брусната хартија е
центрирана на потпорната подлога
• Брусилката сега може да се активира/вклучи и да стартува со притискање на активаторот
• Брусилката ќе работи и ќе остане во активен режим сè додека го притискате активаторот Откако ќе го
отпуштите активаторот, брусилката ќе прекине, но ќе остане во активен режим кратко време пред да се
деактивира/исклучи автоматски
• Кога брусилката е во активен режим, десниот LED-индикатор свети зелено
• Во активен режим, левиот LED-индикатор го покажува статусот на батеријата
– Зелено: батеријата е доволно наполнета
– Трепка зелено/црвено: батеријата е слабо наполнета
– Црвено: напонот на батеријата е преслаб Брусилката не може да работи
• Во активен режим, може да го приспособите максималниот број вртежи во минута со притискање на
копчињата rpm+ или rpm–, прикажани на слика 1 Бројот на вртежи во минута може да се прилагодува во
чекори на 4000, 5000, 6000, 6500, 7000, 7500 и 8000 врт /мин
• Вртежите во минута може да се заклучат за да се спречи случајна промена на вртежите во минута Почекајте
додека брусилката не дојде во активен режим Истовремено притиснете ги и задржете ги двете копчиња
rpm+ и rpm-, па повлечете го активаторот За да го отклучите алатот, повторете ја истата постапка Ако некое
од копчињата rpm+ или rpm- се притисне во режим на заклучена брзина, десниот LED-индикатор ќе трепка
црвено двапати, но брзината нема да се промени
• Пред брусењето, секогаш прво поставувајте го алатот на работната површина пред да го стартувате
Пред запирањето, секогаш отстранувајте го алатот од работната површина На овој начин ќе го спречите
создавањето жлебови на работната површина поради преголема вртежна брзина на брусната хартија
• Кога ќе завршите со брусење, извадете ја батеријата од брусилката така што ќе го притиснете копчето за
ослободување на батеријата од двете страни и истовремено ќе ја извадите батеријата Наполнете ја батеријата
Bluetooth
Алатот е опремен со Bluetooth® технологија со ниска потрошувачка и може да се поврзе со апликација преку
која се добива пристап до дополнителни функции на алатот За повеќе информации за функционалноста на
апликацијата и за нејзината достапност во вашата земја, одете на www mirka com
Активирајте Bluetooth® на Mirka® AROS-B и Mirka® AOS-B на следниов начин:
1 Поврзете ја батеријата со алатот
2 Притиснете го и задржете го копчето + додека го вклучувате алатот со помош на копчето за вклучување/
исклучување
3 Средниот LED-индикатор трепка (зелено), за да покаже дека Bluetooth® е активно и подготвено за користење
146
Mirka® AROS-B 150NV & AOS-B 130NV • 32 mm (1 ¼") • 10.8 V