Download Print deze pagina

ST. SpA MP2 504 Series Gebruikershandleiding pagina 258

Advertenties

7.3
КОНТРОЛА / ДОПОЛНУВАЊЕ
МАСЛО ВО МОТОРОТ
Извршете ги контролата/дополнувањето на масло 
согласно начинот и мерките на претпазливост 
посочени во упатството за работа со моторот.
За да обезбедите правилна работа и долготрајна 
употреба на машината, редовно менувајте го 
маслото во моторот согласно посочените периоди 
во упатството за употреба за овој мотор.
Задолжително надополнете масло до посоченото 
ниво пред повторно да ја користите машината.
7.4
ЧИСТЕЊЕ
Исчистете ја машината по секоја употреба 
следејќи ги следните упатства.
7.4.1
Чистење на машината
• Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација 
се ослободени од остатоци од косењето.
• Не користете абразивни течности 
за чистење на куќиштето.
• За намалување на ризикот од запалување, 
одржувајте ги тревокосачката и машината, 
а особено моторот од остатоци од трева, 
листови и прекумерно масло.
• Исперете ја машината темелно 
со вода по секое косење.
7.4.2
Чистење на плочата со
уредот со сечивото
• Отстранете ги остатоците од трева и кал што се 
наталожиле од внатрешната страна на куќиштето 
за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии 
при подоцнежно палење заради исушување.
• Во случај кога треба да се пристапи до долниот 
дел, закосете ја машината само на страната 
како што е прикажано во упатството за 
моторот следејќи ги соодветните упатства, 
уверувајќи се дека машината е стабилна пред 
да започнете со каква било интервенција.
Во случај на страничен или заден
испуст: ако е поставен, треба да го 
извадите дефлекторот на испустот.
За внатрешно перење на комплетот со уредот 
со сечивото, постапете како што следи:
1.
Извадете ја вреќата за собирање.
2.
Составете го садот со вода на 
соодветното место (сл.22.A).
3.
Поставете ја висината на косење 
во најниска позиција.
4.
Стојте секогаш зад ракофатот на тревокосачката.
5.
Запалете го моторот.
Лакот од внатрешниот дел на куќиштето може да 
отпадне заради абразивното дејство на покосената 
трева. Во тој случај, треба спремно да интервенирате 
со премачкување лак против 'рѓосување за да се 
спречи создавање 'рѓа која го кородира металот.
7.4.3
Чистење на вреќата
1.
Испразнете ја вреќата за собирање.
2.
Протресете ја за да ги исчистете 
остатоците од тревата и земјата.
3.
Исперете и исплакнете ја и 
оставете ја да се исуши бргу.
7.5
НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
Одржувајте ги шрафовите и навртките 
затегнати за да бидете сигурни дека 
машината е секогаш безбедна за работа.
7.6
БАТЕРИЈА
Батеријата се доставува со модели со команда 
за електрично палење на копче. Во однос на 
упатствата коишто се однесуваат на автономијата, 
полнењето, одлагањето и одржувањето на 
батеријата, следете ги упатствата коишто 
се дадени во упатството за моторот.
Кај моторите (сл.17.A.3), батеријата не треба 
да се дополнува. Само во итни случаи, може 
да се дополни преку надворешен УСБ-уред за 
полнење (што не се испорачува со машината). 
Следете ги дадените мерки што се дадени 
во упатството за употреба на моторот.
7.7
РЕГУЛИРАЊЕ НА КАБЕЛОТ
НА МЕНУВАЧОТ
Оваа регулација е неопходна кога рачката (сл.23.А) 
не сака да се задржи во позиција «
ВАЖНО Регулацијата треба да се
направи кога моторот е изгаснат.
Со рачката (сл.23.А) во позиција «
го регистарот  (сл.23.В) за кабелот во правецот 
посочен со стрелката до соодветното затегнување 
кога рачката се задржува во дадената позиција.
8.
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Пред да извршите каква било контрола,
чистење или интервенција за одржување/
регулација на машината:
• Застанете ја машината.
• Проверете дали сите делови што се
движат се застанати целосно.
• Проверете дали моторот е соодветно изладен.
• Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.24.A).
• Извадете го клучот (сл.24.C) или
батеријата (кај модели со команда за
електрично палење преку копче).
• Прочитајте ги соодветните упатства.
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
MK - 11
».
», свртете 

Advertenties

loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Mp2 554 seriesMp2 504 roller seriesMp2 554 roller series