во зависност од големината на зона-
та за готвење.
· Ставете го садот на зоната за
готвење пред таа да се вклучи. Ако
е вклучена пред да ставите било
каков сад, зоната за готвење нема
да работи и ќе се прикаже екранот
со контроли.
· Користете капак за да се намали
времето потребно за готвење.
· Кога течноста ќе почне да врие,
намалете ја поставката за темпера-
тура.
· Минимизирајте го количеството на
течности или масти за да се намали
времето потребно за готвење.
· Изберете ја соодветната темпе-
ратурна поставка за примените во
готвењето.
Примери на примени во гот-
вењето
Информациите дадени во следнава
табела се само ориентациони.
Поставки
Се користат за
0
Исклучен грејач
1 - 3
Слабо загревање
4 - 5
Благо крчкање, бавно
загревање
6 - 7
Подгревање и посилно
крчкање
8
Вриење, потпржување
и карамелизирање до
крцкава форма
9
Максимална топлина
P
Функција за
зголемување на моќта
Совети за чистење
· Не користете абразивни сунѓери,
корозивни средства за чистење,
аеросолни средства за чистење или
остри предмети за да ги чистите
површините на плочата.
· За да отстраните изгорена храна,
натопете ја со влажна крпа и течно
средство за миење.
· Може да користите стругалка за
чистење храна или остатоци. Леп-
ливата храна мора да се исчисти
веднаш откако ќе се истури, пред
стаклото да се излади.
· Внимавајте да не го изгребете
силиконскиот лепак ставен на рабо-
вите на стаклото додека користите
стругалка.
· Стругалката има жилет, па затоа
мора да се чува подалеку од деца.
· Користете посебно средство за чис-
тење на керамички плочи врз пло-
чата додека таа е топла на допир.
Исплакнете и исушете со чиста крпа
или хартија.
ИНСТАЛАЦИЈА НА АПАРАТОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Електричното поврзување на оваа
плоча треба да се изврши од стра-
на на квалификуван електричар, во
согласност со инструкциите од овој
водич и во согласност со постојните
прописи. Во случај на било каква
штета која се јавува како резултат на
неправилно поврзување или инста-
лација, гаранцијата нема да важи.
Овој апарат мора да биде заземјен.
MK - 79