Download Print deze pagina

Philips HD9875 Handleiding pagina 719

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 333
Македонски
720
Важно
Опасност
Предупредување
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите
апаратот и зачувајте ги за во иднина.
-
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински
шпорет, кој било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во
загреана рерна.
-
Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете
под чешма.
-
За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга
течност во апаратот.
-
Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во
допир со грејните елементи.
-
Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека
работи апаратот.
-
Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да предизвика
пожар.
-
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
-
Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека
работи.
-
Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува
максималното ниво означено во корпата.
-
Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има заглавено
храна во грејачот.
-
Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични
квалификации за да се избегне опасност.
-
Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер. Секогаш
проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во штекерот.
-
Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со
засебен систем за далечинско управување.
-
Површините што се допираат може да станат врели додека работи
апаратот.
-
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и
корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под
надзор на возрасно лице.
-
Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8
години.

Advertenties

loading