226 | Македонски
Материјал
Примена
Метал, камен
Брусење
Метал
Грубо брусење
Метал
Сечење
Камен
Сечење
Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.
Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
u
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
u
„Напомени за статика ".
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
u
налегнува сигурно со својата тежина.
Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
u
додека не дојде во состојба на мирување.
По силното оптоварување, оставете го
u
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
Електричниот алат не го користете со држач за
u
сечење.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Грубо брусење
Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
u
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
1 609 92A 6KJ | (28.05.2021)
Алат за вметнување
Брусна плоча
Брусна плоча
Брусна плоча за сечење
Дијамантски диск за сечење и
лизгачки водилки (сечењето на
камен е дозволено само со
лизгачки водилки)
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал
При сечењето со композитни брусни средства
u
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(8).
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Сечење на камен
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
u
Електричниот алат смее да се користи само за
u
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за вшмукување за сечење со
лизгачки водилки (22) вшмукувачот на прав мора да
биде дозволен за вшмукување на правта од каменот.
Bosch ги нуди соодветните вшмукувачи на прав.
Позиција на вртливото копче
за подесување
4−6
6
6
6
Електричниот алат
секогаш мора да се води
во спротивен правец на
движење. Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано да се
истисне од резот. При
сечење на профили и
четириаголни цевки,
најдобро е да поставите на
најмалиот пресек.
Bosch Power Tools