Заштита од рестартирање
(PWS 2000-230 JE)
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Ограничување на стартната струја
(PWS 2000-230 JE / PWS 20-230 J)
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја и заштитата од
рестартирање не работат. Електричниот алат мора
веднаш да се испрати во сервисната служба, видете ги
адресите во дел „Сервисна служба и совети при
користење".
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
u
„Напомени за статика ".
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
u
налегнува сигурно со својата тежина.
Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
u
додека не дојде во состојба на мирување.
По силното оптоварување, оставете го
u
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
Електричниот алат не го користете со држач за
u
сечење.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Напомена: Доколку не го употребувате алатот извлечете
го струјниот приклучок од ѕидната приклучница. И кога е
исклучен, електричниот алат има мала потрошувачка на
струја- и доколку е приклучен струјниот приклучок и кога
има струја.
Грубо брусење
Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
u
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
Bosch Power Tools
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал
При сечењето со композитни брусни средства
u
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(13).
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Сечење на камен
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
u
Електричниот алат смее да се користи само за
u
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за вшмукување за сечење со
лизгачки водилки (23) вшмукувачот на прав мора да
биде дозволен за вшмукување на правта од каменот.
Bosch ги нуди соодветните вшмукувачи на прав.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да
се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно
укажува на тоа.
Македонски | 215
Електричниот алат
секогаш мора да се води
во спротивен правец на
движење. Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано да се
истисне од резот. При
сечење на профили и
четириаголни цевки,
најдобро е да поставите на
најмалиот пресек.
Вклучете го електричниот
алат и поставете го со
предниот дел на
лизгачките водилки на
делот што се обработува.
Поместувајте го
електричниот алат со
умерено движење по
материјалот што се
обработува.
1 609 92A 222 | (27.11.2020)