ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Експандер на батерија
Движење ......................................................................................
Дијаметар на цевка .....................................................................
Волтажа на батеријата ..............................................................
Тежина со батерија .....................................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно
стандардот EN 60 745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (K=3dB(A)) ....................................
Ниво на јачина на звук. (K=3dB(A)) .........................................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
............................................
h
Несигурност К ............................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN
60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за
привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се
употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да
отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто
апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример:
одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните
процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на
почитувањето на безбедносните упатства и инструкции
можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Карактеристиките и формата на алатот не смеат да се
менуваат. Особено е важно да не се менува формата
ниту величината на конусот, независно дали преку
обработка или измена на првичните карактеристики,
цврстина, тврдост итн., преку греење на алатот или
негово чување во близина на извори на топлина.
Употребувајте го алатот исправно. Особено внимавајте
на тоа, главата за продолжување добро да ја
прицврстите на алатот, за да се постигне целосно
продолжување. Уверете се дека сегментите од главата
за продолжување не се свиени или оштетени на
поинаков начин.
Не го употребувајте, носете ниту чувајте алатот без
главата за продолжување.
Не ги поставувајте прстите и рацете во близина на
подрачјето на движење на главата за продолжување.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за
полнење на батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем C12 за полнење на
батерии од C12 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
66
МАКЕДОНСКИ
C 12 PXP
.......................................... 14 mm
...... ≤ ø 32 x 2,9, ≤ ø 25 x 3,5 mm
.......................................... 12 V
....................................... 1,88 kg
.......................................... 61 dB (A)
.......................................... 72 dB (A)
...................................... < 2,5 m/s
2
......................................... 1,5 m/s
2
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Експандерот на батерија е наменет за продолжување
пластични цевки предвидени за таа цел, за инсталација
на Q&E фитинзи.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој
производ е во сообразност со следните стандарди и
стандардизирани документи. EN 60745, EN 55014-1, EN
55014-2, и е во согласност со прописите 2006/42/EC,
2004/108/EC
Winnenden, 2010-01-10
Rainer Kumpf
Manager Product Development
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет
по 4-5 циклуса на полнење и празнење. Подолг период
неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
СОВЕТ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Quick und Easy (Q&E) (брзо и лесно) претставува фитинг
концепт за Uponor-PEX-цевки и системи. Поврзувањето
се врши преку степенесто продолжување на цевката со
еден Q&E-прстен што се нанесува на надворешната
страна од цевката, по што се врши собирање преку
фитинг-ниплата. Смеат да се употребуваат само
оригинални Q&E-фитинзи, прстени и алати за
продолжување.
По продолжување потребно е продолжената цевка да се
втурне низ ниплата. Доколку цевката е премногу
собрана, не вршете повторно продолжување, туку
исечете го продолжениот дел.
Продолжувањето се врши во повеќе степени. Ова
станува јасно преку звукот на „кликнување" при
контракција на главата за продолжување. Бројот на
продолжувања зависи од дијаметарот на цевката.
Типични примери:
16 x 1,8 mm - 4 продолжувања
20 x 1,9 mm - 6 продолжувања
25 x 2,3 mm - 8 продолжувања
16 x 2,2 mm - 6 продолжувања
20 x 2,8 mm - 12 продолжувања
25 x 3,5 mm - 20 продолжувања
Не ја продолжувајте цевката почесто отколку што е
наведено.
По секое продолжување главата за продолжување мора
да биде малку извртена.
Ваквото извртување спречува да не дојде до премногу
длабоко засекување на главата за продолжување во
внатрешниот ѕид на цевката.
Доколку главата за продолжување не се извртува, тоа
може да доведе до длабоки бразди во пластичната
цевка и тешко поврзување. Како последица на тоа и на
пропустливоста можат да се предизвикаат материјални
штети.
Главите за продолжување на Milwaukee автоматски се
извртуваат при секое продолжување. Контролирајте го
ваквото извртување одвреме-навреме без вметната
цевка.
Главите за продолжување на Uponor Standard не се
извртуваат автоматски. Затоа по секое продолжување
цевката мора да биде извртена рачно за 1/8 круг.
ИНСТАЛАЦИЈА ПРИ ЛАДНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
При ниски температури, на цевката и е потребно подолго
време за да се собере во ниплата и да заптива.
Зависно од големината на цевката, бројот на
продолжувања може да се намали при ниски
температури.
Пред употреба на температури под 5 °C алатот мора да
биде затоплен со батерија. За таа цел извршете неколку
циклуси без цевка.
КОНТРОЛА НА ЗАПТИВНОСТА
Фитинг-врската може да биде ставена под притисок по
30 минути на температури до +5 °C. При пониски
температури, времето на чекање изнесува како што
следи:
+ 5°C... 0°C: 1,5 h
0°C...- 5°C: 3 h
- 5°C...-10°C: 4 h
-10°C...-15°C: 10 h
На собна температура, по 6 до 24 часа врзувањето е
исто толку цврсто колку и самата цевка.
Контролата на заптивноста се врши во согласност со
важечките норми (ANV 12108), пред системот да биде
ставен во употреба.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Употребете ја приложената маст од тубата за да ги
намастите Q&E главите за продолжување.
Конусот на алатот се чисти и подмачкува секојдневно
или најмалку по 100 поврзувања. Употребувајте чиста,
непарталава крпа за нанесување тенок слој од
средството за подмачкување (Molykote G-n plus) на
конусот за продолжување. Сите други делови од алатот
одржувајте ги без средство за подмачкување.
При употреба на глави за продолжување на Uponor
Standard дополнително мора да се замасти внатрешниот
прстен на главата за продолжување.
Редовно чистете ја внатрешната страна од главите за
продолжување со сува крпа. Избегнувајте појава на
собирања на средство за подмачкување помеѓу
сегментите. Важно е, надворешната страна на
сегментите да се одржува без средства за
подмачкување и сува.
Несоодветно подмачкување (премногу или премалку)
може да доведе до неисправни поврзувања и до
оштетувања.
Употребувајте глави за продолжување сертифицирани
од Uponor.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Milwaukee Electric Tool,
Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно
со другиот домашен отпад! Европска
регулатива 2002/96/EC за одлагање на
електична и електронска опрема и се
применува согласно националните закони.
Елекричните апарати кои го достигнале
крајот на својот животен век мора да бидат
одвоено собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
МАКЕДОНСКИ
67