· Зашрафете ги 4-те држачи за мон-
тирање од површината за готвење на
страничните ѕидови на производот.
Држач за монтирање од површината за
готвење
Вршење на електрично повр-
зување
Пред да извршите поврзување, про-
верете дали:
Мрежниот напон е ист како оној што
е цитиран на плочката со технички
спецификации која се наоѓа во зад-
ниот дел на плочата за готвење.
Струјното коло може да го поддржи
оптоварувањето на апаратот (види на
плочката со технички спецификации).
Напојувањето има заземјување,
што е во согласност со одредбите
на постојните прописи и е во добра
работна состојба.
Осигураниот прекинувач е лесно дос-
тапен штом ќе се инсталира плочата.
Ако нема наменско коло за плоча-
та и осигуран прекинувач, тие мора
да бидат инсталирани од страна на
квалификуван електричар пред да
се поврзе плочата.
Мора да биде поврзан соодветен
одобрен кабел од разводната табла
(главна кутија со осигурувачи) и да
биде заштитен со свој 50 амперски
осигурувач или микро прекинувач за
струјно коло (MCB). Електричарот
мора да обезбеди осигуран мултипо-
ларен прекинувач што ќе ги исклучу-
ва и фазните (под напон) и неутрал-
ните спроводници со отвор помеѓу
контактите од најмалку 3,0 мм.
Осигураниот прекинувач треба да
биде монтиран на кујнскиот ѕид, над
работната површина и странично од
плочата, не над неа, во согласност со
прописите IEE. Поврзете го осигурани-
от прекинувач со разводна кутија што
треба да биде монтирана на ѕидот
околу 61см (24 инчи) над подот и зад
плочата. Потоа, ќе може да се поврзе
кабелот за напојување на плочата.
Поврзете го едниот крај со развод-
ната кутија, а другиот поврзете го со
електричната кутија на плочата што
се наоѓа во задниот дел на плочата.
Отстранете го капакот на електрична-
та кутија и наместете го кабелот во со-
гласност со дијаграмот за поврзување.
Кабелот за напојување мора да биде
поставен далеку од директни извори на
топлина.
Овој апарат е во согласност со след-
ните директиви на ЕУ:
MK - 83