МК
5. Погледнете во поглавјето ,,Чистење и
одржување,, за да го подгответе апаратот
за употреба.
Запознајте го апаратот
(Дел 1)
1 - Полица на замрзнувачот
2 - Термостат и сијалица (за внатрешно
осветлување)
3 - Полици на подесување
4 - Потпора за шишиња
5 - Канал за колекција на одмрзната вода
- одводна цевка
6 - Капак на фиоката за овошје&зеленчук
7 - Фиока за овошје &зеленчук
8 - Предни ногарки за подесување
9 - Полица за тегли
10 - Полица за шишиња
Сугестии за аранжирање на
храната во апаратот
Сугестии за рационално искористување на
просторот и хигиена:
1. Одделот на фрижидерот е наменет
за
чување на свежа храна и
пијалоци на краток период.
2. Одделот за замрзнување е е означен
и соодветен за замрзнување и
чување на претходно замрзната храна.
Препораки за чување на храната се
наоѓаат на опаковката на храната до која
треба да се придржувате.
3. Млечните производи треба да ги чувате
во одделот наменет за нив на полицата на
вратата.
4. Готвената храна треба да се чува во
садови кои имаат херметичко затварање.
5. Свежите завиткани производи може да
се чуваат н аполиците. Свежото овошје и
зеленчук треба да се исчисти и чува во
фиоките за овошје и зеленчук.
6. Шишињата може да ги чувате на
полиците на вратата.
7. Свежото месо завиткајте го во
полиетиленски ќеси и сместете го на
најниската полица. Не дозволувајте да
дојде во допир со готвена храна за да
избегнете контаминација. Поради
сигурност чувајте го месото најмногу 2 до 3
дена.
8. За максимална ефикасност, полиците
немојте да ги покривате со хартија или друг
материјал, како би овозможиле слободна
циркулација на ладниот воздух.
Упатство за употреба
9. Немојте да чувате растително масло на
на полиците на вратата. Чувајте ја храната
спакувана, замотана или покриена.
Оставете ги топлата храна и пијалоци да
се оладат пред да ги поставете во
фрижидерот. Остатоците од конзервирана
храна немојте да ги чувате во конзерва.
10. Пенливи пијалоци не смее да се
замрзнуваат а ароматизираните пијалоци
не смеат да се конзумираат премногу
ладни.
11. Некои зеленчуци и овошја губат на
квалитет на температура од 0°C. Затоа
ананасот, лубеницата, крставиците
доматите и слично ставете ги во пластични
ќеси.
12. Алкохолните пијалоци со висок процент
на алкохол, мора да се чуваат во добро
затворени и исправени шишиња. Никогаш
не чувајте производи кои содржат запаливи
гасови (пр. разни спрејови) или
експлозивни материи. Постои опасност од
експлозија.
Контрола на температура и
подесување
Работната температура се подесува со
копчето на термостатот и може да биде
поставено на било која позиција помеѓу 1 и
5 (најладна позиција).
Просечната температура внатре треба да
биде околу +5°C (+41°F).
Затоа поставете го термостатот за да
овбезбедите сакана температура. Некои
секции во фрижидерот може да бидат
поладни или потопли (како што се фиоките
за заченчук&овошје и горните делови на
фрижидерот), што е сосема нормално.
Се препорачува повремена проверка на
температурата со термометар како би се
увериле дека фрижидерот се одржува на
препорачаната температура. Честото
отварање на вратата предизвикува
зголемување на внатрешната температура,
затоа се препорачува затварање на
вратата колку што е можно побрзо после
употребата.
Пред употреба
Финална проверка
Пред стартување на апаратот, проверете
дали:
1. Предните ногарки се подесени така да
се во совршена рамномерност.
51