118 | Македонски
Надувување:
– Притиснете ја блокадата при вклучување (6) во
правец
кон лево (види слика C).
– Притиснете на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5), за да ја вклучите воздушната пумпа и
за да го стартувате процесот на пумпање. Во исто
време се вклучуваат работното светло (11) и светлото
за манометар.
Не гледајте во работното светло, може да ве
заслепи.
– Кога саканиот притисок ќе се прикаже на
манометарот (1) отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5). Работното светло (11) и
светлото за манометар се гасат и воздушната пумпа се
исклучува.
– Заклучете го прекинувачот за вклучување/
исклучување на крајот од работата, со притискање на
блокадата при вклучување (6) во правец
(види слика C).
Напомена: Прекинете ги подолгите процеси на пумпање
по околу 5 min и оставете го цревото и металните делови
на адаптерот да се изладат најмалку 5 min.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Отстранете ја акумулаторската батерија од
u
воздушната пумпа пред работењето на воздушната
пумпа (на пр. одржување, промена на алат, итн.) и
при нејзин транспорт и складирање. При
невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
Одржувајте ја чистотата на воздушната пумпа и
u
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
1 609 92A 7HC | (23.06.2022)
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
кон десно
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Воздушните пумпи, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните пумпи и
батериите во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари
електрични и електронски уреди и нивната употреба во
националното законодавство, воздушните пумпи што се
вон употреба и дефектните или искористените батерии
според директивата 2006/66/EC мора одделно да се
соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Bе молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 118).
Bosch Power Tools