предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без
батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на
испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат
делумно наполнети порани меѓународните прописи за
транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во
прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете
на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа
не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата
при напола или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување ја прикажува состојбата за
наполнетост на батеријата.
LED светилки
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Bosch Power Tools
LED светилки
Трајно светло 1 × зелено
бавно трепкање на светлото 1 × зелено 0–15 %
3-те LED светилки на приказот за наполнетост на
батеријата како и светлото за манометар трепкаат
истовремено, доколку температурата на акумулаторската
батерија е надвор од опсегот на работна температура и/
или реагира заштитата од преоптоварување.
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа и употреба
Изберете соодветен адаптер за примената:
– Вентилски адаптер (13): на пр. за многу вентили за
велосипеди,
– Иглица за пумпа (14): на пр. за фудбалски топки
– Волуменски адаптер (12): за мали производи за на
плажа или за спорт, на пр. топка за во вода.
За вообичаени вентили за автомобили (делумно се
користат и за велосипеди) не е потребен адаптер.
Притиснете ја блокадата на преградата за
складирање (15) кон внатре, отворете го поклопецот (7)
на прифатот на преградата за складирање и извадете го
адаптерот.
Доколку има, извадете го капакот на вентилот на
предметот што треба да се надува.
Црево под притисок (10) намотување и одмотување
(види слика A):
– Одмотајте го цревото под притисок (10) така што ќе го
ослободите од стегите за цревото (9).
– При намотување на цревото под притисок (10)
осигурајте се дека стегите за цревото го држат (9).
Поврзување на воздушна пумпа на
вентилот(види слика B):
– Вентилски адаптер (13): прво завртете го адаптерот на
вентилот. Потоа завртете го адаптерот до крај во
цревото под притисок (10).
– Иглица за пумпа (14) и волуменски адаптер (12): прво
завртете го адаптерот до крај во цревото под
притисок (10). Потоа цврсто завртете го цревото под
притисок (10) со адаптер во вентилот.
– Ако не е потребен адаптер, тогаш цврсто завртете го
Капацитет
цревото под притисок (10) на вентилот.
Актуелниот притисок (bar/psi) на приклучениот предмет
75–100 %
се прикажува на манометарот (1).
40–75 %
Македонски | 117
Капацитет
15–40 %
1 609 92A 7HC | (23.06.2022)