Download Print deze pagina

Bosch GWS Professional 22-180 LVI Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 245

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 69
Главната рачка (28) може да се врти за 90° налево или
надесно кон куќиштето на моторот. Притоа,
прекинувачот за вклучување/исклучување може да се
постави во поповолна позиција при изведување на
посебни случаи на работа, на пр. сечење со капак за
всисување со лизгачка водилка (20) или за левучари.
Извлечете ја деблокадата на дршката (29) во правец на
стрелката и истовремено вртете ја главната рачка (28) во
саканата позиција, додека не се вклопи.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Bosch Power Tools
При работа на електричниот алат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не
располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не
располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување
(28)
при вклучување.
(29)
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) нанапред и потоа држете го.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (3) вметнете го прекинувачот
за исклучување/вклучување (3) понапред.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и потоа
отпуштете го.
Конструкција на прекинувачот без блокада (во
зависност од земјата):
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) нанапред и потоа држете го.
За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја и заштитата од
рестартирање не работат. Електричниот алат мора
веднаш да се испрати во сервисната служба, видете ги
адресите во дел „Сервисна служба и совети при
користење".
Исклучување при повратен удар
При ненадејна пречка на електричниот алат,
на пр. блокирање на резот при сечење,
доводот на струја до моторот електронски ќе
се прекине.
Македонски | 245
1 609 92A 5FE | (09.12.2020)

Advertenties

loading